Меѓународниот натпревар во кореографија „Икс Денс“ 2015. ќе се одржи во Центарот за култура во Струга утре, 17-ти јуни.Младите таленти ќе се натпреваруваат во повеќе категории и танцови дисциплини, од класичен балет, до фолклор и модерни танци. Освен учесниците од Македонија, ќе настапат и учесници од Казахстан, Израел, Русија, Летонија, Кореја.
Сања Шутевска, балетски педагог и кореограф, уметнички директор на фестивалот „Икс Денс“, вели: „Овој фестивал го слави танцот во сите негови форми и стилови, од елеганцијата и префинетоста на класичниот балет до енергијата и динамиката на современиот танц. Минатата година организиравме фестивал на завидно ниво. Целта ни е годинешното издание да биде уште подобро и на тој начин оправдано да прераснеме во еден од најдобрите фестивали во регионот.“
Како дел од богатата фестивалска програма на „Икс Денс“ 2015, ќе се одржат и мастер класови за учесниците, а предвидени се и екскурзии до Вевчани и Охрид.
Минатата година наградата Гран при ја добија Кореографското студио „Сказка“ од Русија и ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, оддел за современ балет од Македонија за кореографијата „Јас сум“.
Наградите од стручното жири ќе им бидат доделени на најдобрите учесници во четврток, а потоа ќе следи Гала концерт во Центарот за култура во Струга, на кој ќе настапат најдобрите учесници со впечатливи изведби и кореографии.Младите таленти ќе се натпреваруваат во повеќе категории и танцови дисциплини, од класичен балет, до фолклор и модерни танци. Освен учесниците од М