Како резултат на истекувањето на тековната Национална стратегија за млади и изменетите општествени услови и состојбата на младите во Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP) објавува Повик за фасилитатори за процесот на креирање на нова Национална стратегија за млади за периодот 2016-2025.Целта на овој процес е да се развие нацрт-документот на новата Национална стратегија за млади со помош на тим на сениор и јуниор фацилитатори, кои ќе ги водат низата тематски работилници, со цел да се обезбеди инклузивен процес предводен од младите. Фаcилитаторите ќе бидат поделени по тематски работилници и секој од нив ќе биде задолжен за изготвување на нацрт текстот на документот на Националната Стратегија за Млади врз основа на преглед на добиените информации од сите вклучени страни во текот на работилниците и интернет / веб-базираната платформа.
Процесот на креирање на новата Национална стратегија за млади започнува во јануари 2015 година, и ќе продолжи во текот на целата 2015 година. Целта е да се креира документ кој ќе ги отсликува состојбите во младинскиот сектор во Република Македонија, но и кој ќе одговора на потребите и ставовите на младите луѓе.
Заинтересираните лица можат да аплицираат на следните линкови:
https://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=52948 –Senior National Facilitator
https://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=52947 – Junior National FacilitatorЦелта на овој процес е да се развие нацрт-документот на новата Национална стратегија за млади со помош на тим на сениор и јуниор фацилитатори, кои