Започнува реализацијата на проектот за изградба на Водовод со пречистителна станица во населба БЕРОВСКО ЕЗЕРО

Започнува  имплементацијата  на проектот “ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ“ во Општина Берово, од јавниот повик за финансирање на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка  Македонија –  Бугарија. Преку овој проект ќе се изгради Водовод со пречистителна станица во населба Беровско езеро и ќе се реши долгогодишниот проблем за снабдување со вода за пиење, со што ќе се придонесе да се подигне вредноста на имотите на сопствениците, ќе се подобри  конкурентноста  и ќе се поттикне развојот на туризмот. 
Вредноста на проектот е 500.000 евра од кои 60% ќе ги користи  Општина Берово која што е носител на проектот, а останатите 40% се за Општина Сандански која е проект партнер на Општина Берово.
-Овој проект ќе ни донесе многу повеќе гости, ќе ни реши еден голем проблем со кој секојдневно се соочуваме  и ќе биде голема придобивка и за населбата Беровско езеро и за Берово. Кога оваа информација ќе биде објавена и проширена, интересот за туризмот ќе биде многу многу поголем,  изјави Зоран Ајтовски, сопственик на  викендица.Преку овој проект ќе се изгради Водовод со пречистителна станица во населба Беровско езеро и ќе се реши долгогодишниот проблем за снабдување со вод

Пронајдете не на следниве мрежи: