петок, 27 ноември 2026
Најново

Започнуваат дваесет и петтите „Денови на кочанскиот ориз“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со отворањето на Ликовната колонија „Свети Пантелејмон“ од денеска до 16 октомври се одржува јубијелното издание на меѓународната културно-стопанска манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.Во рамките на манифестацијата гости на Општината и на градоначалникот ќе бидат делегации од Украина, Бугарија, Унгарија, Србија, Хрватска, како и фолклорните состави од Казанлак – Бугарија, Сигетсентмиклош – Унгарија, Бихаќ – Босна и Херцеговина, Кочане – Србија, Тарговиште – Романија, Метковиќ – Хрватска. За гостите се организирани посети на знаметитости во општината и во државата, а дел од фолклорните состави и уметничките групи ќе настапуваат и во Зрновци и Македонска Каменица.
Вечерва, во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во 18.30 ч. ќе биде отворена изложба на фотографии со мотиви од Кочани, а во 19 ч. Велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ ќе ја прикаже претставата „Класен непријател“ во режија на Теа Беговска-Ерезија.
В петок, на 14 октомври во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи Изборот на  жетварска убавица, на кој концерт ќе има хрватскиот состав „Теди Лајон селекшн“.
В сабота, на 15 октомври во Паркот на Револуцијата на изложбени и на продажни штандови ќе се претстават институции, здруженија и фирми од каде граѓаните ќе можат да вкусат и да купат ориз, храна, пијалаци и да се снабдат со сувенири по поволни цени. На сцена во Паркот ќе настапат деца и ученици од кочанските училишта, а од 16:30 до 18:30 ч. ќе се одржи големиот меѓународен фолклорен концерт.   
В недела на нива на Грдовски Пат ќе се прикажат обичаите зажнејување и вршидба, а во Паркот на Револуцијата урбаните заедници со етноелементи ќе прикажат дел од традицијата во оризарството и од минатото на Кочани. Публиката ќе може да  ужива во музиката на Љубојна и Џамбо Агушев.
 Во рамките на манифестацијата гости на Општината и на градоначалникот ќе бидат делегации од Украина, Бугарија, Унгарија, Србија, Хрватска, како и ф

Поврзани вести