45 годишниот Chris Dancy е познат како „најповрзаниот“ човек во светот. Тој е поврзан со од 300 до 700 системи кои работат во секое време. Тие системи собираат информации за неговиот секојдневен живот.
Неговите зглобови се покриени со различна технологија која е дизајнирана да се носи на себе, како што е Fitbit, нараквица која ја следи неговата физичка активност и паметниот часовник Pebble. Тој ја мери својата маса на Аria Wi-Fi скала и спие на Beddit душек кој го следи неговиот сон. Исто така, и неговот куче е поврзано со Tagg, кој ги набљудува неговите дневни активности.
Иако за некои ова би бил заморен начин на живот, за Dancy ова е само мотивација за да постигне повеќе. „Сето ова започна кога забележав дека мојот доктор има тешкотии да биде во темпо со мене и со моето здравје. Исто така, тој период бев загрижен дека се што работев на Интернетот би можело да се изгуби доколку се случи некоја неочекувана пречка. Сакајќи да соберам што е можно повеќе информации почнав да барам нови начини и завршив вака.“
Повеќе на gsm.mk
Неговите зглобови се покриени со различна технологија која е дизајнирана да се носи на себе, како што е Fitbit, нараквица која ја сл