Запознајте ја Илма од X – Factor: Девојчето кое го воодушеви цел Балкан

Целиот регион воодушевено зборува за неа…Има само 13 години, а во првата епизода на шоуто “Х Фактор“ ги освои симпатиите и на жирито и на публиката.Илма Карахмет е осмо одделение и живее во Кисељак, БиХ. Жирито оваа девојка ја оцени како сериозна опасност за многу постарите кандидати во шоуто. Таа ја испеа песната  „Има еден свет“ на хрватската пејачка Зорица Конџа.
Зорица вели дека била скептична кога слушнала дека едно тринаесетгодишно девојче ќе пее толку тешка песна.
„Точно е бев скептична, бидејќи за оваа песна треба да имаш малку повеќе зрелост и глас. Но, откако ја слушнав изведбата бев повеќе од изненадена, бидејќи видов девојче, а слушнав веќе формиран глас, музикалност и голем талент. Затоа , мила Илма, од се срце сакам да ти се остварат соништата“ – вели Конџа.
Малата Илма раскажува за вечерта кога се емитуваше првата епизода од „ Х Фактор“:
„Додека ја гледав снимката од изведбата, веќе на половина песна почнаа да ми стигнуваат пораки. Не стигнав на сите да им одговорам, беше невозможно, останав будна до 4:30 по полноќ. Добив повеќе од 2.000 пораки и исто толку повици. Им викам на моите родители:„ Свесни ли сте вие што имате дома?“, а тие се смејат.“
„Мојот татко се занимаваше со музика, така што тој знае нешто за музиката и ми кажува како треба. Инаку, се сама работам. Не одам во музичко училиште, но одам на академијата „Пинк Пантер“. Тоа е училиште за гитара, јас не свирам само настапувам со нив.“
Околу настапите таа вели:

„Освен на школските приредби, настапував на некои митинзи кога имаше избори, на некои фестивали, хуманитарни концерти….Не  барав хонорар, само ако некој понуди…“
Од домашните пејачи таа го обожава Саша Ковачевиќ, а од странските слуша повеќемина, но сепак вели дека „Бјонсе е Бјонсе“ .
„ Ако нешто биде од мене, сакам да бидам своја, но да бидам Бијонсе! На аудицијата, кога Жељко дојде на сцена и ми ја бакна раката, не знаев дали да плачам или да се смеам. Почнав да се тресам. Прашање беше дали ќе се онесвестам или ќе останам на нозе.“
Видеото од нејзиниот настап има огромна посетеност, а на твитер веќе има коментари дека Емина не би можела да извлече толку висока интонација како Илма.
„Луѓето од „ Х Фактор“ им рекоа на моите родители: „ Ова дете не е нормално, однесете го на доктор, не затоа што е болно, туку затоа што е ненормално колку високо пее.“- весело раскажува Илма.Илма Карахмет е осмо одделение и живее во Кисељак, БиХ. Жирито оваа девојка ја оцени како сериозна опасност за многу п

Пронајдете не на следниве мрежи: