Запознавање со учесниците на првото македонско музичко реално шоу „На иста адреса“

Од денес започнуваме со нова рубрика со која ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу „На иста адреса“.Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат. Денеска на ред се Алмир Исмаили, Зои Блаж, Александра Михова и Игор Митровиќ.
Алмир Исмаили
Македонија повторно докажа дека и тоа како има со што да се гордее, а уште еден пример за тоа е учесникот на Првото Македонско Реално Музичко Шоу „На иста адреса“, Алмир Исмаили – човекот со одлични вокални способности.
Македонецот кој дефинитивно ќе го гледаме и до самото финале на натпреварот е 28-годишниот Алмир Исмаили од Скопје. Исмаили работи како оператор во фирма за антивирусни програми, тренира карате, а сега не за прв пат докажа дека има огромен талент за музика.
Во моментов Алмир е дел од дванаесетте учесници на шоуто „На иста адреса“, дел од низата на Македонци кои и годинава ќе покажат дека нашата земја располага со огромен музички талент.
Во неделата, кога се случи официјалниот старт на шоуто со претставување на учесниците, Алмир на сцената буквално растури со неговиот емотивен и самоуверен настап, со што ја воодушеви македонската јавност, судејќи по коментарите на социјалните медиуми. Талентот за музика го наследил од своите родители.
„Сепак, сѐ почна со една голема личност во мојот живот, а тоа е Тоше Проески. Тој ми беше идол и поради него почнав да пеам“ – открива тој.
За себе вели дека е позитивен, среќен и речиси секогаш насмеан, а и самиот се обидува да биде забавен. За љубовниот статус не сака да коментира. Доколку сакате да дознаете повеќе за Алмир и останатите учесници на Првото Македонско Реално Музичко Шоу, „На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална Фејсбук фан страница на следниов линк.

Зои Блаж (Зорица Блажева)
Младата поп-пејачка Зорица Блажева, или попозната во македонската јавност како Зои Блаж владее на македонската сцена од својата 16. година.
Многумина ја препознаваат по неколкуте хит синглови кои ги имаше пуштено во етер како „Сама”, „Живеј со времето“, итн.
Родена е на 06.06 1995 година. Како што вели таа, музиката е нејзина прва љубов. Како мала има настапувано на фестивалот за детски песни „Златно Славејче”, а во своите тинејџерски денови се занимавала и со манекенство.
Своето слободно време го користи за вежбање во теретана. Во моментов Зои е дел од Првото Македонско Музичко Реално Шоу „НА ИСТА АДРЕСА“, кое започна да се емитува на Алфа телевизија.

Во неделата таа имаше одличен настап и уште еднаш го покажа својот моќен глас. Сигурни сме дека цврсто ќе чекори и до самото финале. Доколку сакате да дознаете повеќе за Зои и останатите учесници на Првото Македонско Реално Шоу, „На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална Фејсбук фан страница на следниов линк.

Игор Митровиќ 
Еве што вели Игор за себе:
Од својата 6-та година членував во детскиот хор „Златно Славејче” по покана на диригентот и композиторот маестро Александар Џамбазов и „Пиколо” под диригентската палка на Весна Димчевска.
Испеав 2 песни како солист на Златно Славејче, „Славеј” во 1999 год и „Љубовта не се лекува” во 2003 год. Основно училиште завршив во ОУ „Блаже Конески”, каде што паралелно се школував и 7 години во нижото музичко училиште.
Музичкото образование го продолжив и во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј” на отсек теорија на музика. На своја 14-годишна возраст бев учесник во музичко шоу каде што влегов во најтесниот круг и ми беше доделена песната „По тебе” да ја пеам, каде што во самото жири беше Тоше Проески и го освоив второто место. Учество имам земено на неколку домашни и интернационални фестивали:
– 2006 г. – “Мелфест” во Прилеп
– 2007 г. – “Охрид Фест” – “Сами сме”
– 2007 г. – “Макфест” – песна “Фатална”
– 2008 г. – “Домашен избор за песна на Евровизија” – песна “Јас и ти”
– 2008 г. – Прв Радиски Фестивал “Ѕвездена ноќ” – песна “Единствена”
– 2008 г. – “Макфест” – песна “Засакај некој друг”
– 2008 г. – “Сунчане Скале” – песна “Заувјек” – освоено 3 место во новите ѕвезди
– 2009 г. – “Охрид Фест” – песна “Никогаш повеќе” – освоено 1 место во поп вечерта
– 2009 г. – “Макфест” – песна “Никогаш до сега”
– 2009 г. – “Сунчане Скале” – “Анџели љубави”
– 2010 г. – “Домашен избор за песна на Евровизија” – песна “Малечка”
– 2010 г. – “International Music Festival Cesme” – фестивал во Турција, Чешме (6-то место од вкупно 24 земји учеснички)
– 2010 г. – “BYF Music Festival” – победник на интернационален фестивал во Бугарија
– 2011 г. – “George Grigoriu Music Festival” – Романија, Браила, освоена награда за најдобра интерпретација
– 2011 г. – “St. Petersburg White Night’s” – Русија
– 2012 г. – “Макфест” – песна “Далеку од овде” во дует со Фани Христова
– 2013 г. – “Макфест” – песна “За крај” – награда за најдобар аранжман
– 2015 г. – “Макфест” – песна “Биди тој што си”
Покрај сите овие песни кои што ги имам издадено преку фестивали, има и песни кои што имаат излезено во етерот со музички видео запис, а не биле дел од музички фестивал, како што се “Сам без тебе”, “Волиш ли ме” во дует со црногорската пеачка Александра Бучевац, “Сега и тука”, “Немам ја никога” издадена во Хрватска во соработка со хрватската продукциска куќа “Long Play Team Production” и др.
Вкупно имам 21 издадени песни кои биле во соработка со повеќе домашни и странски композитори и текстописци: Владимир Дојчиновски – Дојчин, Весна Малинова, Бобан Апостолов – Џани, Ивана Николовска, Ана Петровиќ, Фани Христова, Александар Масевски, Биљана Пашариковска, Томо Бачурин Лима, Данијел Врбан, Marco Vanuzzi.
Синглови:
1. Сами сме – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
2. Фатална – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
3. Јас и ти – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
4. Единствена – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
5. Никогаш повеќе – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
6. Никогаш до сега – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
7. Засакај некој друг – Влатко Илиевски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
8. Анџели љубави – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
9. Дал ме сакаш / Волиш ли ме – Ана Петровиќ – Амела Периќ – Владимир Дојчиновски
10. Сам без тебе – Бобан Апостолов – Ивана Николовска – Бобан Апостолов
11. Малечка / A meta – Бобан Апостолов – Фани Христова/Marco Vanuzzi – Бобан Апостолов
12. Далеку од овде – Бобан Апостолов – Фани Христова – Бобан Апостолов
13. Лажлива – Бобан Апостолов – Борче Димитров – Бобан Апостолов
14. Сега и тука – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
15. За крај – Александар Масевски – Биљана Пашариковска – Александар Масевски
16. Немам ја никога – Тома Бачурин Лима – Данијел Врбан – Томо Бачурин Лима
17. The summer’s not over – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
18. Summer stereo – Daveman – Daveman – Daveman
19. If you love me – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
20. Биди тој што си – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
21. Сам – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски.
Севкупно имам снимено 9 музички спотови кои биле во соработка со Дејан Миличевиќ, HD Game Production, Дарио Јанковиќ, Нена Зафировска и Дарко Цветановски, 3Д Продукција и еден имам под своја режисерска палка.
Имам направено неколку професионални фотосесии кои биле во соработка со Дејан Миличевиќ, Дарио Јанковиќ, Ани и Дими, Елена Андовска, Ивана Мојсовска и Трајче Атанасовски.
Некои поважни настани:
– учество на многубројни хуманитарни концерти како во Македонија, така и надвор
– многубројни настапи во дискотеки и клубови низ цела Македонија
– 2010 г – влез во последиот круг од 10 песни за учество во вечерта на новите ѕвезди на Сан Ремо во Италија, каде што 10-те песни се вртеа на радио и публиката одбира кои 6 песни ќе се натпреваруваат на Сан Ремо. Јас завршив 7-ми.
– 2011 г. – член на жири комисија на музичкиот фестивал “Нота по нота” во Бугарија
– 2011 г. – член на жири комисија на музичкиот фестивал “BYF” во Бугарија
– 2011 г. – средба со Kevin Costner, Lizz Mitchell (Boney M), групата Down Low на музичкиот фестивал “St. Petersburg White Nights” во Русија, каде што беа во жири комисија на истоимениот фстивал каде што се натпреварував.
– 2014 г. – хуманитарен концерт по повод роденденот на Тоше Проески во Белград на сплав “Таг” заедно со Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.
Своето образование после средното школо го продолжив на факултетот ФОН, отсек Дизајн и Мултимедија каде во 2012 година дипломирав, и продолжив на магистерски студии. Ги положив сите испити, сега сум во завршната фаза, спремање на магистерски труд.
Паралелно, од своја 21-ва година работам како графички дизајнер, каде последните 2 години работам како графички дизајнер во приватната компанија „Нептун”. Не можам да го наречам тоа како хоби, но после музиката, дизајнот ми е втора љубов.
Како омилени пеачи кои гледам и учам од нив, крадам финти и цаки, морам да издвојам повеќе, не можам само еден :), а тие се: John Legend, Michael Buble, Craig David, James Brown, Beyonce, Christina Aguilera, Jessie J, Robin Thicke, R.Kelly… многу се.

Александра Михова
Александра Михова е родена во Кавадарци 1989. година. Има 26 години. Средно училиште завршила во Гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци. Студирала на Факултетот за туризам и угостителство.
Еве што вели Александра за себе:
“Од 17 години започнав со живи свирки во кафулињата и дискотеките во земјава. До ден денес го работам тоа. Имам настапувано на повеќе фестивали, меѓу кои Скопскиот фестивал, каде ја исполнив нумерата “Срце чува спомени”, Макфест со “Ти си само сон” и Охрид фест со нумерата која носи наслов “Своја”.
Сите три композиции се дела на Андријана Јаневска.
Песната “Ништо не остана” за која има снимено и видео запис, е дело на Столе Аврамов. Во 2011 година учествував во првиот Македонски идол, каде влегов во првите 20 финалисти. Слушам секаков вид на музика, во зависност од расположението, но најмногу уживам во џез. И се восхитувам на светски познатата Бијонсе, а ја обожавам и Лана Дел Реј. Сметам дека не е само пеењето единствено важно во оваа работа. За да бидеш успешен треба целокупен пакет. Чувство за ритам, играње, изглед, однесување на сцената, а мене настапите на живите свирки ми помогнаа најмногу.
Уживам да читам книги и да гледам филмови. Признавам дека не сум тип кој се придржува само кон здрава исхрана. Сакам да јадам пица, сендвичи и да пијам пиво. Ги сакам животните. Го сакам животот и природата. Сакам луѓе кои знаат да ме насмеат. Верувам во љубовта”.

Доколку сакате да дознаете повеќе за неа и останатите учесници на Првото Македонско Реално Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат. Денеска на ред се

Пронајдете не на следниве мрежи: