Зарем е можно, сите овие животни ги чувал дома

Околу 2000 живи и мртви животни се пронајдени во домот на еден Американец во местото Лотел, во Луизијана, кога полицијата интервенирала на повик од соседите кои се жалеле на големата смрдеа.-Имаше кучиња, мачки, гуски, кокошки, фазани, од се` по нешто, дури и змии- наведе еден полицаец, додавајќи дека смрдеата се чувствувала дури од улица.
Властите во куќата и во дворот изброиле околу 2.000 животни од секаков вид, од кои добар дел биле мртви. Меѓутоа, тоа што најмногу ги изненадило полицајците е реакцијата на сопственикот на домот, Дејвид Лефлер.
-Беше крајно навреден што му ги одземаме животните. Беше уверен дека правилно постапува со нив- рече Џеси Белард, претставничка на локалната заедница.
Според пренесувањето на американските медиуми, дел од животните ќе мора да бидат успиени, додека грижата за другите ќе ја преземат ветеринари со надеж дека подоцна ќе бидат вдомени. Лефтер ќе остане позади решетки до судењето за сурово однесување кон животни.

 
-Имаше кучиња, мачки, гуски, кокошки, фазани, од се` по нешто, дури и змии- наведе еден полицаец, додавајќи дека смрдеата се чувствувала дури од

Пронајдете не на следниве мрежи: