четврток, 12 ноември 2026
Најново

Застреланиот кандидат од Кичево им подлегна на повредите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Независниот кандидат за советник во општина Кичево Алит Абази кој беше ранет на 26-ти септември во Кичево, им подлегна на сериозните повреди кои ги имаше во стомакот. Абази е прва жртва на изборните инциденти во кампањата за локалните избори која минува со тешки насилства.Информацијата за Курир ја потврди и портпаролот на Министерството за здравство Коста Петров, кој истакна дека Абази на повредите им подлегнал утринава во 4 часот.
Абази бил нападнат од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот. Нападот се случи во центарот на Кичево.
Абази неколку дена се наоѓаше во критична состојба на Одделот за интензивна нега на скопските клиники. Имаше сериозни повреди на абдоменалните органи и сериозни повреди на р’бетот и р’бетниот столб.

Мотивите за неговото убиство се уште не се  разјаснети, но, сепак, крвавиот настан се случи во тек на изборна кампања, што говори дека претстојните локални избори сепак нема да поминат без нерегуларности, ако се земе предвид фактот дека веќе се случија и и други физички пресметки…

 Информацијата за Курир ја потврди и портпаролот на Министерството за здравство Коста Петров, кој истакна дека Абази на повредите им подлегнал

Поврзани вести