Сведоштвата од официјалната истрага за 11. септември откриваат дека дури 156 луѓе изјавиле дека слушнале експлозија на бомби во Светскиот трговски центар дента кога се случил нападот.Пензионираниот универзитетски професор Грем Меквин, ги разоткрил овие сведоштва откако анализирал 12.000 страници на усмени сведоштва на пожарникарите по нападот на 11. септември.
Изјавите на сведоците укажуваат на тоа дека многумина од нив виделе или слушнале експлозии во кулите Близначки, што ја поддржува теоријата дека зградите се срушени под контролирани инструкции.
Овие докази со години биле криени, но поради тужба, градот Њујорк беше приморан да ги објави овие страници во 2006 година.
Меквин ја добил идејата за проектот од Дејвид Реј Грифин, којшто пишувал за сведоците коишто зборувале за експлозијата во кулите Близначки. Меквин одлучил да спроведе детална анализа на сведочењата, барајќи изјави од пожарникарите, вработените во итната помош, лекарите и останатите присутни во времето на несреќата.
Многумина од нив луцидно ги опишале експлозиите. По внимателното истражување на изјавите, Меквин заклучил дека 118 луѓе навеле дека имало експлозија.
Меквин навел дека овие изјави се веродостојни, бидејќи луѓето се снимени на касета и постојат податоци за тоа како се викаат, каде живеат, кој ги интервјуирал и зошто.
Бројот на сведоци коишто зборувале дека се случила експлозија, подоцна пораснал на 156 луѓе, а Меквин своето откритие го претставил на сослушување во Торонто.
Меквин го цитирал пожарникарот Пит Зода, којшто навел: „Кат по кат, сѐ почна да се руши. Како да беше детонирано. Како некој намерно да постави експлозив за да ја детонира зградата. Јас го видов сето тоа, но потоа почнав да бегам.“
Меквин смета дека сведоштвата се важни, бидејќи претставуваат вреден додаток на форензичките докази, иако многумина сметаат дека сведочењата не се веродостојни.
Меквин објаснил дека од 156-те сведоци, 121 биле од пожарникарската служба на Њујорк, 14 од полицијата, а 13 биле новинари. Само осум луѓе биле обични цивили.
Значи, 87% од сведочењата дошле од пожарникарски служби и полицијата – од луѓе коишто виделе многу повеќе.
Исто така, Меквин утврдил дека бројни сведои подоцна ги смениле изјавите, но тоа се случило откако се појавила официјалната приказна.
„Нашето размислување за овој настан ќе се смени и еден ден ќе достигнеме некој општествен консензус“ – изјавил Меквин.Пензионираниот универзитетски професор Грем Меквин, ги разоткрил овие сведоштва откако анализирал 12.000 страници на усмени сведоштва на пожарникар