Затворен автопат во Германија поради страв од бомба

Германската полиција го затворила автопатот, близу до граничната линија со Австрија, откако во еден запрен автомобил биле најдени материјали за изработка на бомба, јавуваат германските медиуми.Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога при рутинската контрола на еден автомобил со полски регистарски таблички, биле откриени количества барут, електрични кабли, неколку мобилни телефони и цевки, од кои може да се направи бомба или некаква експлозивна направа.
Полицијата го уапсила возачот, но и тројцата Африканци, мигранти кои патувале со него, двајца од Брегот на Слоновата Коска и еден од Гвинеја.
Засега не е јасно однесувањето на Полјакот, но полицијата го уапсила со обвинување за илегално префрлање африкански имигранти во Германија.
Германските власти воведоа контрола и ги запираат возилата што доаѓаат од Австрија, уште од јули минатата година, по неочекуваниот наплив на 1,1 милиони мигранти и бегалци.
Полицијата и безбедносните сили во Германија се во позиција на постојана тревога, по неколкуте напади со оружје, бомби и мачети, како и по вооружениот напад во Минхен, во јули годинава.
Медиумите јавуваат дека од денеска на пладне автопатот е повторно отворен за сообраќај.Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога при рутинската контрола на еден автомобил со полски регистарски таблички, биле откриени количества бар

Пронајдете не на следниве мрежи: