ЗАТВОРЕН ВО КАФЕЗ: Исламистите го запалија јорданскиот пилот!

На фотографиите се гледа јорданскиот пилот кој носи портокалова облека по која се гледаат мокри траги, за кои се тврди дека се од бензин.Припадниците на ИСИЛ го убија јорданскиот пилот Маз ал Касабех, кој бил затворен во кафез и оставен да гори жив, пренесоа западните медиуми.
Екстремистите објавија видео за кое тврдат дека го прикажува палењето на живиот пилот ал Касабех, кој бил заклучен во кафез.
Портпаролот на јорданската влада Мухамед ал Мумени, вчера изјави дека таа земја прави сѐ што е во нејзина моќ за да го ослободи Касабех, кој ИСИЛ го зароби откако борбениот авион Ф-16 со кој управувал, се урнал на територијата што се наоѓа под контрола на милитантите во Сирија.
Авионот се урна во декември.
Веста дека јорданскиот пилот е убиен, доаѓа само еден ден по убиството на јапонскиот новинар Кенџи Гото.Припадниците на ИСИЛ го убија јорданскиот пилот Маз ал Касабех, кој бил затворен во кафез и оставен да гори жив, пренесоа западните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: