Затвореник нуди бубрег на фудбалер чиј живот е во опасност: „За возврат не барам ништо“

Семир Џонко од Дубровник, кој во моментов издржува затворска казна, се понудил да му донира бубрег на поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Класниќ кој во моментов бара донор.На Класниќ по трет пат треба да му биде пресаден бубрег откако првиот дониран од неговата мајка организмот веднаш му го одби, а вториот кој го добил од неговиот татко, пред околу еден месец почнал да му откажува. Сега Хрватот се наоѓа во животна опасност.
Џонко кога дознал дека Класниќ повторно има проблеми со бубрегот, му пратил писмо на сите негови адреси кои ги нашол.
– Затворен е за измама и има уште 4 години за лежење. Морам да нагласам дека нема никакви скриени намери. Не сака пари, ниту помилување и не се работи за човек кој лови некои поени, туку искрено сака да помогне, изјавил неговиот адвокат Милко Крижановиќ.
– Тој лежи затвор во Лепоглава. Пред околу еден месец ми праќаше писма за да ги препратам на други адреси. Секако, пред да се дојде до трансплантација треба да се провери дали органот ќе одговара, како и Класниќ дали ќе сака да го прифати. Треба и да се ангажира медицински тим за да ги направи сите анализи. Не би сакал да не го сфатат сериозно, затоа што човекот има чесни намери, вели адвокатот.
Џонко завршил во затвор заради измами со хартии од вредност.
– Тој е во затвор за дела кои ги признал, но не би требало на тоа да се гледа како некој негативен чин во однос на донирањето на органот.
Класниќ во моментов живее во Германија и не сакал многу да коментира за овие наводи.
– Тоа не се прави преку преку медиумите. Не морате со тоа да се бавите. Нека ме контактираат мене, порачал Класниќ.На Класниќ по трет пат треба да му биде пресаден бубрег откако првиот дониран од неговата мајка организмот веднаш му го одби, а вториот кој го доби

Пронајдете не на следниве мрежи: