„Кинезот Ли Чинг Јуен (хербалист), живеел 256 години“ – верувам ја имате сретнато веста деновиве на интернет. Дали тоа е точно или не, и дали верувате или не, ќе оставам на вас самите да процените. Која опција и да ја одберете треба да знаете дека неговиот начин и сфаќање на животот ја инспирира и ден денeс модерната медицина да ги побара причините за болестите во негативните мисли.Ли Чинг Јуен е роден во Кина во 1677 година (иако тој самиот тврдел дека е роден во 1736). Во текот на неговиот долг живот, се занимавал со билките и боречките вештини. Имал 23 жени и повеќе од 200 деца. Починал на 6 мај 1933 година.
Како успеал да чекори на земјата толку долго?
Неговиот одговор за долгоживотната формула е: „Имај смирено срце, седи како желка, оди брзо како гулаб и спиј како куче“.
Деновиве дури и модерната медицина се поклони пред овие тврдења. Лекарите и научниците едногласно се согласуваат дека нашите мисли директно влијаат врз активноста на нашите органи и состојбата на нашeто тело во целина. Имено, 70% од сите болести, во денешно време, се случуваат поради негативни мисли и емоционален стрес. Односно, тие се нарекуваат психосоматски болести, и затоа е тешко да се пронајде единствен и универзален лек за нив.
Еве неколку примери на негативни мисли во кои можете да ја побарате причината за одредена болест:
Љубомора – предизвикува онколошки болести, го ослабнува имунолошкиот систем.
Осветољубивост – предизвикува несоница и болести на грлото.
Неспособност да се најде решение за ситуација – предизвикува белодробни заболувања.
Недостаток на морални принципи – предизвикува хронични болести, инфекции и кожни болести.
Да се биде премногу категоричен или непоколеблив во верувањата – предизвикува дијабетес, мигрена и воспаленија.
Лажење – предизвикува алкохолизам, габични инфекции и го ослабува имунолошкиот систем.
Агресивност – предизвикува чир на желудникот, рефлукс киселина и брадавици.
Воздржаност – предизвикува шизофренија и бубрежни заболувања.
Суровост – предизвикува епилепсија, астма и анемија.
Оние кои бараат конфликти – предизвикува проширување на тироидната жлезда
Апатија – предизвикува дијабетес.
Неконзистентност или непостојаност – предизвикува неплодност.
Да се биде груб или навредлив – предизвикува дијабетес и срцеви заболувања.
Вознемиреност – предизвикува нарушувања на дигестивниот систем, срцето и кожни болести.
Алчност – предизвикува онколошки болести, дебелина и срцеви заболувања.
Ли Чинг Јуен е роден во Кина во 1677 година (иако тој самиот тврдел дека е роден во 1736). Во текот на неговиот долг ж