Завод за вработување испрати тинејџерка на работа во бордел

Локална канцеларија на германскиот завод за вработување во Аугсбург упатила 19-годишна тинејџерка на работа во бордел, пишува весникот Allgemeine Zeitung.Младата жена изјавила дека била шокирана кога минатата сабота добила писмо од локалната канцеларија за вработување во Аугсбург со која ја известуваат дека добила работа како келнерка во јавната куќа „Augsburg Colosseum“.„Барав пристојна работа на одржување на домаќинства, а не работа во бар на јавна куќа. Бев шокирана кога го прочитав писмото. Мајка ми почна да вреска кога го прочита писмото“, рекла девојката.Раководителот на заводот за вработување во Аугсбург, Роланд Фуерст изјавил дека агенцијата направила грешка бидејќи знаеле дека „Augsburg Colosseum“ е јавна куќа, па претходно морала телефонски да провери дали девојката е заинтересирана за таа работа, наместо само да и’ испратат писмо.Проституцијата во Германија, инаку, е легална.
МакфаксЛокална канцеларија на германскиот завод за вработување во Аугсбург упатила 19-годишна тинејџерка на работа во бордел, пишува весникот Allgem

Пронајдете не на следниве мрежи: