Меѓународниот Хорски форум Струга 2015. вчера, понеделник 29.06. одржа завршен концерт во црквата Света Софија во Охрид. На концертот настапија хорови кои учествуваа на форумот, а пристигнаа од неколку градови во Русија, како и Хорот при Факултетот за музичка уметност “Драган Шуплевски” и Женскиот Младински Хор при Младинскиот Културен Центар од Скопје.Програмата вклучуваше композиции од различни стилови, меѓу кои и заедничка изведба на сите учесници. Публиката беше восхитена од изведбите на хоровите под раководство на маестро Сашо Татарчевски, со кого претходните десет дена за време на Хорскиот форум во Струга, работеа на совладување композиции од македонски автори.
Хорскиот форум во својата програма вклучи и работилница за византиско пеење, а со хоровите работеше и Андреа Анџелини на западноевропска музика на старите мајстори и ренесансата.
Се одржаа и три прекрасни концерти во црквата Света Богородица во Калишта. Хорскиот форум се одржа втора година по ред и полека станува една нова музичка традиција која го промовира македонското музичко наследство во светот.
Завршниот концерт на Хорскиот Форум 2015. во црквата Св.Софија го водеше Миланка Рашиќ, а директорот на манифестацијата, Марјан Катароски, им додели на хоровите учесници дипломи, пехари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви, познато по изработка на бисери од 1928 г.Програмата вклучуваше композиции од различни стилови, меѓу кои и заедничка изведба на сите учесници. Публиката беше восхитена од изведбите на хоров