Заврши 11. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“

Вчеравечер /31.08.2016 година/ свечено беше затворена единаесеттата по ред Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“, која се одржуваше од 22 до 31 август во хотелот „Солун”, во организација на Музејот на град Скопје и хотел „Солун“, а под покровителство на Град Скопје.Колонијата традиционално беше затворена со презентација за пошироката јавност на делата на уметниците изработени за време на престојот во Скопје, како и со свечен коктел на кој присуствуваа сите учесници на годинешнава ликовна колонија.
– Ми претставува особено задоволство што уметниците-гости на колонијата и оваа година имаа можност да работат, да го восприемат градот и да ја доживеат неговата визура од самиот негов центар, бидејќи хотелот „Солун“ пружа погледи кон Старата скопска чаршија, Скопското Кале, централното градско подрачје и плоштадот „Македонија“ со многубројните културно-историски споменици и обележја. На колонијата секоја година учествуваат уметници од Македонија и од странство. Нашите гости од странство, кои во овие тешки моменти за градот Скопје сепак ни се придружија на колонијата, годинава ни доаѓаат од Париз, Софија и од Крагуевац. На уметниците-учесници во оваа колонија им се заблагодарувам за нивното учество и за сликите кои ни ги оставија во трајно наследство, а Вам драги гости и уметници од странство, Ви посакувам враќањето во Вашите земји да биде придружено со спомени кои што ќе Ве натераат еден ден повторно да се вратите во Скопје и во Република Македонија – истакна вчера градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа година на своите ликовни дела потпис ставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини – Марина Лешкова, Олгица Антовска, Дороти Пачкова, Беган Деари, Александар Поповски и Глигор Васков од Македонија, како и Ноел Андре Периер од Франција, Александра Мириќ од Србија, Предраг Пеѓа Ракиќевиќ од Србија и Петја Денева од Бугарија.
Учесниците во Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ престојуваа во хотелот „Солун“, лоциран во централното јадро на Скопје, а твореа во просториите на Музејот на град Скопје. Со оглед на тоа што централното градско јадро е пешачка зона, намерата на организаторите беше на учесниците на колонијата да им се предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција.
Во близината се наоѓа и Старата скопска чаршија која е интересна по својата архитектура и старите занаети и претставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот.
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.Колонијата традиционално беше затворена со презентација за пошироката јавност на делата на уметниците изработени за време на престојот во Скопје, к

Пронајдете не на следниве мрежи: