Со вчерашната презентација во Кичево, официјално заврши патувањето на информативниот „Еразмус плус“ караван, во чии рамки беа опфатени повеќе градови од Македонија: Скопје, Гевгелија, Берово, Ресен, Квадарци, Охрид, Штип и Кичево.На промотивните активности за програмата „Еразмус плус“ кои ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија, земаа учество наставниците и професорите, општинската администрација и активистите во граѓанскиот сектор на Р. Македонија. Тие беа информирани за фазите на одлучување, односно за процедурата за селекција на апликациите за програмите што ги нуди „Еразмус плус“(за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра), а која се одвива во 4 нивоа:
– Техничка проверка (Проверката се врши од страна на лица вработени во агенцијата, од технички аспект: дали се поднесени сите потребни документи, дали е запазен рокот за аплицирање, дали се пополнети соодветните апликациони формулари итн.)
– Квалитативна евалуација (Оценување на апликациите кое се врши од страна на надворешни експерти – доделување бодови на апликациите според квалитетот на содржината)
– Евалуационен Комитет (Комитет формиран од стручни лица кои доаѓаат од соодветни образовни институции на Р.Македонија, при што се утврдува запазеноста на сите пропишани процедури и правила при селекција на апликациите)
– Одлука од Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
Покрај инфо-деновите, Агенцијата, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираше работилници во Скопје и Битола, каде пред бизнис заедницата ја претстави програмата „Еразмус плус“. Компаниите членки на Стопанската комора на Македонија имаа можност да се запознаат со потенцијалите на „Ерзмус плус“ во насока на подобрување на квалитетот на работната сила и нејзината структура, што ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и поттикнување на економски раст.
Следни активности, кои Агенцијата ќе ги спроведе во склоп на промотивната кампања за можностите кои ги нуди Еразмус плус програмата се: два ECVET семинари и конференции во Скопје, Валоризациона конференција во Скопје, АТОК семинар во Скопје, четири обуки за волонтери кои ќе се одржат во Скопје, е-Твиниг семинар во Охрид, ЕВРИДИКА конференција и ЕУРОПАС семинар.На промотивните активности за програмата „Еразмус плус“ кои ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и моби