Заврши комплетната промена на лифтовите во сите студентски домови

Заврши комплетната промена на лифтовите во сите студентски домови во Скопје. Студентските домови „ Питу Гули“, „Гоце Делчев“, „Пелагонија“ и студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид ќе ги дочекаат студентите во новата академска година со нови лифтови.Низата забелешки од студентите за нефункционирање на лифтовите во одредени периоди  и проблем при нивно користење се веќе минато.
-МОН за оваа намена одвои 15 милиони денари, комплетно се заврши промената и истовремено е добиена потребна дозвола , односно технички прием на овие лифтови со што тие веќе се комплетно функционални, рече Ристовски.
Заменик министерот изрази благодарност до менаџментот на студентските домови за нивната ангажираност за време на поплавите при што студентските домови „ Сениќ“ и училишниот дом „Партенја Зогравски“ примија лица кои беа зафатени за време на поплавите .
-Очекувам во наредните денови по комплетната стабилизација на состојбата со поплавените региони овие студентски легла да бидат повторно ставени во функција за потребите на студентите, рече Ристовски.Низата забелешки од студентите за нефункционирање на лифтовите во одредени периоди  и проблем при нивно користење се веќе минато.
-МОН

Пронајдете не на следниве мрежи: