Победничкото решение ќе биде јавно соопштено во втората половина на септември, а дел од креативните решенија што влегоа во потесен избор ќе бидат изложени на овогодинешното издание на Skopje Design Week.Младите креативци ги покажаа своите потенцијали. На отворениот повик за изработка на дизајн за амбалажата на Слатко со идентитет, во потесна конкуренција влегоа 26 креативни решенија. Овие 26 решенија ги содржат сите елементи што беа пропишани во условите за учество на отворениот повик кој траеше од 18 јули до 1 септември годинава. Согласно критериумите на јавниот повик се бараше изработка на предлог дизајн за амбалажата за слатко од седум видови на овошје од асортиманот на „Јоми фуд“, ексклузивно пакување и промотивен постер.
Пристигнатите решенија ќе ги разгледа жири комисија составена од претставници на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – “Браво Сине!“ и Skopje Design Week (SDW) под шифрираниот редослед. Во финалната фаза на избор ќе биде вклучен и претставник на производителот.
„На наше огромно задоволство младите дизајнери покажаа голем интерес за оваа несекојдневна можност, но што е уште поважно покажаа и одличен потенцијал и креативност. Нашата цел беше да креираме услови каде младите креативци ќе добијат шанса да работат и тој труд да биде вреднуван, да го поттикнеме интересот кај компаниите за брендирање на производите, а заедницата да добие додадена вредност и подигната свесност за потребата од естетика во секоја смисла. Исто така, домашниот креативен потенцијал, да го поврземе со домашниот производ, содавајќи убава приказна и за бизнисот и за заедницата.“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.
Избраното креативно решение што ќе биде оценето како најдобро ќе биде јавно соопштено во втората половина на месец септември и наградено со парична награда од 200.000 денари. Средствата во целост ги обезбеди Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.
Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и Skopje Design Week, за прв пат оваа година започнаа проект за поддршка на младите креативци преку брендирање на автентични национални производи. На годинешното издание на Skopje Design Week што ќе се одржи од 23-28 септември, посетителите ќе имаат можност да видат дел од креативните решенија што влегоа во потесен избор, кои ќе бидат изложени во посебно означен простор на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“.
„Ни преставува огромно задоволство што сме дел од овој значаен проект бидејќи нашата цел е токму тоа на креитавните решенија и на дизајнот да му дадеме конркетна примена во секојдневниот живот и во бизнисот. Се надеваме дека придонесуваме за зголемување на свеста за моќта на дизајнот и креативноста во реалниот бизнис“, истакна Марта Наумовска Грнарова, представник на SDW.
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ во насока на исполнување на овие цели.Младите креативци ги покажаа своите потенцијали. На отворениот повик за изработка на дизајн за амбалажата на Слатко со идентитет, во потесна конкур