Заврши покривањето на градскиот пазар во Прилеп

Во Прилеп финишираше допокривањето на градскиот пазар. Со оваа последна фаза од овој проект беше покриена површина од околу 830 м2, инвестиција која чинеше околу 4 милиони денари, а парите беа обезбедени преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од Бирото за регионален развој.„Станува збор за регионален пазар каде има и продавачи и купувачи од целиот регион и токму тоа за нас беше доволна причина за да со средства од Бирото за регионален развој овој проект го препознаеме како регионален и истиот го реализираме. Мислам дека самата слика покажува што значи ова за купувачите и продавачите, пред се тоа е заштита од временските услови и добивање на еден унифициран изглед на пазарот. Во пазаришни денови тука гравитираат и по неколку илјади луѓе и убедени сме дека за брзо време ќе ги почувствуваат предобивките од оваа интервенција“, вели Емилија Ѓероска, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.
Од општина Прилеп велат дека покривањето на пазарот се работело во неколку фази и започнало пред околу 8 години. Сега пазарот прераснал во еде од најмодерните пазари во регионот.
„Од еден од најзапуштените пазари во регионот тој сега прерасна во еден од најмодерните и најубави во регионот. Пазарот е комплетно поплочен, комплетно покриен, а со овој проект се создадоа подобри услови и за тие кои продаваат и за тие кои купуваат и доаѓаат тука во огромен број особено во среда и сабота. Пазарот претставува еден од капиталните објекти на локалната самоуправа бидејќи претставува лице на старата чаршија, на центарот на градот и тој е тој кој доста придонесува за развивање на локалната економија. Ние и понатаму ќе продолжиме со други проекти за подобрување на условите за работа на овој пазар“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. 
Секако најзадоволни од овој проект се трговците и граѓаните на Прилеп.
„Задоволни сме од тоа што се изгради и што добивме покриен пазар, сега ќе бидеме заштитени од разните временските услови, исто така ќе биде заштитена и нашата роба која ја продаме и мислиме дека и продажбата ќе се зголеми во иднина“, велат дел од трговците на пазарот.
Директор на ЈКП Пазари најави дека за брзо време ќе се реализираат уште два други капитални проекти.
„До крајот на годината имаме за реализација уште 2 проекти. Се работи за нови деловни објекти, дел од нив веќе ги пуштивме во употреба, дел веќе се во тек така што до крајот на годината и тие ќе бидат пуштени и во тек е постапка за поставување на подземни контејнери кои ќе бидат први вакви контејнери во Прилеп“, рече Пеце Димоски, директор на ЈКП Пазари.
Вкупната покриена површина на пазарот изнесува околу 5.000 м2.„Станува збор за регионален пазар каде има и продавачи и купувачи од целиот регион и токму тоа за нас беше доволна причина за да со средства

Пронајдете не на следниве мрежи: