Американецот Бредли Стоун, кој беше обвинет за убиството на шест лица и по кого беше организирана масовна потрага, е пронајден мртов во една шума во близина на неговиот дом.Во соопштението на американската полиција не се потенцира дали Стоун се самоубил, освен што се вели дека со откривањето на телото на обвинетот прекинува 36-часовната потрага, откако по извршеното злосторство побегнал во непознат правец.
Стоун (35), кој е ветеран на ирачката војна, ја убил својата поранешна сопруга Никол Стоун, како и петмина нејзини блиски роднини. Меѓу жртвите се нејзините мајка и баба, сестрата и зетот, како и нивната 14-годишна ќерка. Сите биле убиени во своите домови. Седумнаесетгодишниот син на убиената сестра на Никол Стоун, единствен го преживеа злосторството. Тој е тешко ранет и во локалната болница сѐ уште се бори за својот живот.
Злосторството се случи во понеделникот, околу 4:00 часот по полноќ по американско време, во едно мало место во близината на Филаделфија. Полицијата верува дека причина за злосторството е расправијата на убиецот со поранешната сопруга.
Бредли Стоун прво ја посетил куќата на сестрата на својата поранешна сопруга, па откако ги застрелал сите во семејството, заминал во куќата каде што живееле мајката и бабата на Никол Стоун, а на крајот отишол и кај неа ладнокрвно ја убил. Соседите забележале како Бредли бега со двете деца и веднаш ја алармирале полицијата.
Никол стравувала за својата лична безбедност и изјавувала дека се плаши дека нејзиниот поранешен сопруг ќе дојде да ја убие. Полицијата соопшти дека двете деца се најдени неповредени и се згрижени од страна на социјалните служби.Во соопштението на американската полиција не се потенцира дали Стоун се самоубил, освен што се вели дека со откривањето на телото на обвинетот прек