Заврши референдумот во Грција. Според првичните информации, „НЕ“ е во водство!

На референдумот од 49,5 до 54,5 отсто грчките избирачи се изјасниле со „не“ кон понудата или ултиматумот на странските кредитори, додека меѓу 45,5 и 50,5 отсто се изјасниле со „да“, покажувале четири излезни анкети спроведени за време на гласањето, пренесува телевизијата ERT.Од друга страна, Ројтерс јави дека нема излезни анкети на референдумот на кои беше прикажано како изјаснување на Грците за излегување од еврозоната или за останување во неа, а во кој левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас ги повика сонародниците да гласаат против.
Според анкетата на трите агенции GPO, Metron и MRB, се чини дека Грците ја послушаа владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, и дека за три до четири процентни поени во водство е определбата за „не“ на доверителите.
Грците со неделниот референдум всушност одлучуваа и за својата иднина и за судбината на првата влада на крајната левица во Европската унија, а аналитичарите оценуваат дека со својата одлука може да одлучат и за иднината на сегашниот начин на кој функционираат европските институции.
Гласаа речиси 10 милиони грчки избирачи, а референдумот беше организиран ненајавени и ненадејно по петте месеци неуспешни преговори меѓу владата на Алексис Ципрас и претставниците на доверителите – Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Грција на 30-ти јуни и официјално престана да ги отплаќа долговите.Од друга страна, Ројтерс јави дека нема излезни анкети на референдумот на кои беше прикажано како изјаснување на Грците за излегување од еврозоната

Пронајдете не на следниве мрежи: