ЛОЈАЛ ГРИН И УРБАН ЛАБ 1 ПОБЕДНИЦИ НА СКОПСКИ АВТОБУСКИ ХАКАТОНТимовите на „Лојал Грин“ (Loyal green) и „Урбан лаб 1“ (Urban lab 1) се победници на натпреварот „Скопски автобуски хакатон“ којшто се одржа викендов во Јавна Соба/Public Room.
Натпреварите беа во 2 категории – „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“ каде учествуваа вкупно 35 учесници распределени во 5 тимови за едниот и другиот натпревар.
Победник на натпреварот „Паметна автобуска постојка“ е тимот „УРБАН ЛАБ 1“ кој се состои од млади архитекти, инженер по електротехника и софтверски инженер: Мила Рориќ, Дејан Томски, Ѓорѓи Нусев и Марина Најдоска.
Тимот на „Ројал Грин“ составен од младите софтверски инженери: Игор Завојчевски, Гоце Богоески, Игор Георгиоски и Никола Брдароски се победниците на „Скопски автобуски хакатон“.
Тие ќе испратат свој преставник во Канада во 2017 за да се натпреварува на глобалниот хакатон за транспорт организиран од Youth for Public Transport. Во своето решение ја имплементираа и иницијативата за споделување возило, Social Car поддржана од програмата на Европска Унија Хоризонт 2020 при Град Скопје.
Наградите на победниците им ги додели директорот на ЈПС-Скопје, Игор Јанушев.
– ЈСП како општествено одговорна компанија се реши да го реализира овој проект, каде што преку јавен повик ги повикавме сите луѓе и компании коишто имаат иновативни идеи да учествуваат во овој проект и натпреварување. Целта на овој проект беше да се изработи софтвер за оптиматизација на возниот ред на автобусите на ЈСП со што би се намалиле турканиците во автобусите, се со крајна цел за зголемување на квалитетот на услуги кои ги нудиме за граѓаните – изјави директорот на ЈСП, Игор Јанушев.
„Скопски автобуски хакатон“ беше организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
Во рамките на „Скопски автобуски хакатон“ беа одржани и дебати на тема „Сподели возило“, во рамки на меѓународниот проект Social Car.Тимовите на „Лојал Грин“ (Loyal green) и „Урбан лаб 1“ (Urban lab 1) се победници на натпреварот „Скопски автобуски х