Вчера, 21.11.2014 година, петок, во Универзална сала, се одржа третото издание на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, што е дел програмата за култура на Град Скопје.Од 10 часот беа отворени вратите на Универзална сала и посетителите можеа да ги видат најновите дизајни на најразлични производи и услуги, а од 20 часот се одржа официјалниот дел и пред присутните се одржа презентација на ексклузивните производи на „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ и тоа:
-ПРВАТА БЕСПЛАТНА МОБИЛНА ТУРИСТИЧКА АПЛИКАЦИЈА „SK2GO“
-ДРУШТВЕНАТА ИГРА „ПЛАНЕТАТА ЕРИДА“ и
-БЕСПЛАТНАТА ОНЛАЈН АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КРЕАТИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ и многу нови креативни производи и услуги.
Ексклузивно на годинешново трето издание, беа промовирани многубројни нови производи и услуги од областа на креативните индустрии како: мобилната туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO). Оваа андроид апликација ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат да го посетат Скопје и ќе им помогне лесно и брзо да стигнат до саканата дестинација.
На фестивалот беше промовирана и првата македонска картонска, друштвена игра „Планетата Ерида“, како и онлајн апликацијата „База на податоци“ за креативниот потенцијал. Исто така, посетителите можеа да ги видат креативни решенија за осветлување домови, како и креации на маси, чинии за овошје, закачалка за модни додатоци, накит, како и презентација на новите креативни решенија за „ВИВА“ , „МАМАС“ и „ПАКОМАК“.
По одржувањето на официјалниот дел на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ со своите познати хитови настапи групата „ФОЛТИН“, а потоа настапија и македонски диџеи.
Влезот за сите настани на фестивалот беше бесплатен.Од 10 часот беа отворени вратите на Универзална сала и посетителите можеа да ги видат најновите дизајни на најразлични производи и услуги, а од 20