Денес, во рамките на проектот БИОФОС се одржа завршната конференција на тема „Потреба од топлинска енергија за греење и улогата на биомасата за греење на објектите во прекуграничниот регион“.Проектот „ Заштита на животната средина преку промоција на биомасата како замена на фосилните горива греење и електрична енергија – Биофос започна во 2015 година и е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка и има за цел заштита на животната средина и локалните ресурси, промовирање усогласеност на националните цели и целите на Европската Унија за заштеда на енергија, примена на обновливи извори на енергија. Како партнери во истиот се јавуваат Општина Битола, општинската компанија ДЕТЕПА од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани.
На завршната конференција свое излагање имаа проф. д-р Зоре Ангелевски и проф. д-р Цвете Димитриеска од Технички Факултет Битола, како и директорот на ДЕТЕПА господинот Константинос Кириакопулос и д-р Димитрос Циамитрос од Технолошко образовниот институт од Кожани. Проектот беше реализиран од страна на менаџерскиот тим од Општина Битола Горан Неделков, Гордана Цветковска Бошевска и Слободан Бончаноски.
Во рамките на проектот беа набавени мини пелет линија во вредност од 24.750 евра во кои се инсталирани во ЈП Комуналец Битола, како и котел на биомаса за во спортската сала „ Младост“ Битола во вредност од 67.500 евра.Проектот „ Заштита на животната средина преку промоција на биомасата како замена на фосилните горива греење и електрична енергија – Био