Коњаниците, кои оваа година ќе учествуваат на 38-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден, денеска во дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ ќе го одржат завршниот тренинг со почеток од 17:30 часот.Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.
Инаку, „Илинденскиот марш 2016“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978 ќе стартува на 27-ми јули во 17:30 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром, која е традиционално покровител на коњичкиот марш, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.