ЗБОГУМ НА ЗИМСКАТА МАГИЈА: Санкањето ќе се забрани поради опасноста

Омилената зимска активност на голем број генерации, наскоро би можела да биде забранета во многу американски и канадски градови.National Post, пренесе дека градовите како Дубуке, Де Моин и Линколн, размислуваат за забрана на санкањето на сите градски површини или на одредени – како што се опасните стрмни места.
Канадскиот град Хамилтон ја воведе оваа забрана пред 15 години, а во Торонто е забрането санкање на рид.
„Кога станува збор за повредите, санкањето е ризична активност“, вели д-р Чарлс Татор, член на одборот на РС Фондацијата за превенција на повреди. Воедно, Татор е и неврохирург и често го истакнува еден од првите случаи во неговата кариера – девојка која се повредила при санкање со нејзините деца и завршила во инвалидска количка.
И покрај тоа, Татор не ја поддржува забраната за санкањето, кое е сѐ почеста појава во градовите.
„Не ми се допаѓа таа идеја, бидејќи сите ќе се претвориме во дебели мрзливци кои не вежбаат, а тоа никаде нема да нѐ однесе.“
Со него се сложуваат и властите од поголем број канадски градови, каде што дури се нудат и испечатени водичи за санкање и се даваат совети како безбедно можат да се санкаат луѓето.
Но, санкањето навистина скапо ги чини властите. Пред две години, градот Хамилтон требало да исплати дури 900.000 долари отштета на маж кој го повредил ‘рбетот додека се санкал, Истата година, жена од Едмонд добила идентична сума како отштета поради повреди кои ги добила откако со санката удрила во рампа за ски-скокови.
Во САД тие суми се уште поголеми. Семејство на петгодишно девојче од Омаха, кое останало парализирано при санкање, добило отштета од 2 милиони долари.National Post, пренесе дека градовите како Дубуке, Де Моин и Линколн, размислуваат за забрана на санкањето на сите градски површини или на одредени

Пронајдете не на следниве мрежи: