ЗБОГУМ СКАЈП: Дотком најави нов проект

Откако Ким Дотком пред две години заврши во затвор во Нов Зеланд, многумина го отпишале и заклучиле дека поголем дел од животот ќе го помине во затвор. Но, овој контроверзен претприемач, кој многумина го нарекуваат и најпознат светски пират, не само што излезе од затвор, туку покрена и нов сервис.Имено, новиот сервис служи за размена на податоци, а сега Дотком подготвува и уште еден нов проект со кој има намера да ги нападне сервисите за комуникација, како што е Скајп.
Дотком веќе извесно време го спомнува овој проект, а на крајот од минатата седмица повторно најави дека наскоро ќе лансира сервис. Иако сѐ уште не го именувал, тој ставил хаштаг „MegaChat“ и постои можност дека тоа ќе биде неговото име и ќе служи за разменување на видео повици, текстуална размена на пораки и праќање датотеки со голема брзина.
Уште од моментот кога Дотком го претстави сервисот за размена на датотеки „Mega“, тој најави дека сервисот со тек на време ќе се прошири и на другите пазари, како што се e-mail, четување, гласовна и видео комуникација, а најголем акцент ќе биде ставен на кодираната, односно сигурната комуникација.
Инаку, Дотком минатата година ги нападна познатите сервиси на најголемите технолошки компании, како Gmail, Skype и iCloud, додавајќи дека со оглед на тоа што се сместени во САД, тие не нудат доволно приватност за корисниците зашто американската влада во одредени околности може да побара пристап до приватните податоци на корисниците.
Поради несигурноста за приватните податоци, Дотком е убеден дека голем број корисници ќе се одлучат за нивниот нов сервис и на Твитер ја објави пораката, во која порача: „Bye bye Skype.“Имено, новиот сервис служи за размена на податоци, а сега Дотком подготвува и уште еден нов проект со кој има намера да ги нападне сервисите за ком

Пронајдете не на следниве мрежи: