Лекарите велат дека мирисот може да помогне при дијагностицирање на болести. Различни мириси посочуваат на различни болести, а лекарите се надеваат дека ќе се унапреди дијагностицирањето на болести со помош на мириси и дека така не само што ќе се спасат многу животи, туку и здравите луѓе помалку ќе се изложуваат на штетните зрачења.Група истражувачи сметаат дека болеста може да се открие според мирисот на здивот. Доколку здивот ви мириса на отстранувач за лак од нокти, тогаш имате деменција, ако ви мириса на расипана риба треба да ги проверете бубрезите.
Исто така, истражувачите објаснуваат дека инфекциите на мочниот меур може да предизвикаат урината да има мирис на амонијак, а рубеолата може да направи потта да мириса на свежо кубени пердуви.
Шизофренијата ја прави потта да мириса на оцет, додека стомачниот тифус ја прави кожата да мириса на свежо печен леб. Една пациентка дури тврди дека таа самата си го помирисала канцерот.
Друга жена изјавила дека кога нејзиниот сопруг пател од рак на простата, а таа од рак на белите дробови, можела да го помириса распаѓањето на нивните органи. За среќа се излекувале и како што бил отстранет канцерот така мирисот исчезнал.
Д-р Прети кој е дел од ова истражување е среќен што откриле нов начин за откривање на разни болести, меѓу кои и канцерот. Тој едноставно се надева дека ќе успее да го пронајде мирисот за откривање канцер на матката, кој речиси секогаш се открива во доцна фаза. Бидејќи кучињата имаат одличен осет за мирис, тој ќе ги искористи за да му помогнат да се развие ова истражување. Се надева дека со нивна помош ќе создаде „електронски нос“ за да ги детектира болестите.
– Можете да ја имате моќта како носот на кучето со само еден чип колку вашиот мал прст. Тоа е уред кој може многу да ве заштити, изјави д-р Прети.
Уште еден уред може да им помогне на пациентите кои сметаат дека имаат канцер. Преку издишување во еден уред, тие за 10 минути ќе знаат дали се заболени од канцер, без да се изложуваат на зрачења. Овој уред може да спаси милиони жени од соочување со болниот мамограм.
Овој уред веќе се тестираше во медицински центар во Холандија и докторите веруваат дека за две години може да почне да се користи.



