Резултатот на едно неодамна направено истражување покажува дека утринското внесување на протеини е од пресудна важност за чувството на глад и трошење на калориите во текот на денот. Тимот на експерти кој го спроведе истражувањето, откри дека мажите кои имаат појадок кој содржи јајца имаат многу послаб апетит за време на ручекот, додека обратно мажите кои појадуваат намирници богати со јаглен хидрати имаат поголем апетит.
Имено, истражувањето било со цел да се направи разлика помеѓу најчестите појадоци кои ги јадеме. Се докажало дека појадокот богат со протеини помага во контролата на чувството на глад.
Исто така докажано е дека протеините со висок квалитет се од голема важност за здравјето, поради тоа е неопходно да бидат составен дел од оброците во текот на денот. Тимот на експерти кој го спроведе истражувањето, откри дека мажите кои имаат појадок кој содржи јајца имаат многу послаб апетит за време на ручекот



