Здрава паштета од туна

За овој рецепт можете да користите туна од конзерва или уште подобро – искористете го парчето туна на скара кое Ви останало од ручек.Подготовката е едноставна, а домашната верзија е секако препорачлива и многу поздрава од било која паштета од продавниците. И секако, уживањето е поголемо во она што самите сте го приготвиле, нели? 
Потребни состојки:
• 90 гр. мајонез (купете здрава, нискокалорична верзија или подгответе домашна верзија)
• 2 големи конзерви туна
• 2 тврдо варени јајца
• 3 парчиња сирење
• лажичка и пол сенф
• сок од половина лимон
 
 Припрема:
Во поголем сад, ставете ги сите состојки и мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. За полесно мешање, можете да употребите и миксер.
Послужете со парчиња брускети или препечен леб.
Пријатно јадење.Подготовката е едноставна, а домашната верзија е секако препорачлива и многу поздрава од било која паштета од продавниците. И секако, уживањето е п

Пронајдете не на следниве мрежи: