Зекири има право да користи цитати со кои се проколнуваат хомосексуалците

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири има право да упатува навредливи коментари и цитати со кои се проколнуваат хомосексуалците – ова е заклучокот после искажаниот став на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски кој за Фокус изјави дека Зекири има право на личен став.„Фејсбук профилот е приватна сопственост и секој има право да пишува што сака“, вели Кирацовски, воопшто не осврнувајќи се на прашањата за одговорноста која ја има Зекири како потпретседател на СДСМ. Според генералниот секретар, се додека е на фејсбук профилот, Зекири има право да пишува што сака и тоа никако не ја тангира партијата.

 
Според новата тактика на СДСМ, секој нивни функционер кој ќе упати некој контроверзен, жесток, навредлив или противзаконски став го прогласуваат за негов личен, а не за став на партијата, при што никој не подлежи на никакви санкции. СДСМ веројатно се надева дека на овој начин ќе привлече разни целни групи кои се антагонистички меѓу себе, преку индивидуалци како Зекири, Мухиќ, Курто Дудуш и останатите.
Спротивно на ставот и планот на СДСМ и Кирацовски, коментаторите по социјалните мрежи меѓу кои има и активисти и членови на СДСМ, жестоко тргнаа по Зекири откако потпретседателот на СДСМ на својот профил како одговор на барањето на ДУИ за легализација на истополови бракови, цитираше делови од куранот со кои се проколнуваат хомосексуалците.
„Фејсбук профилот е приватна сопственост и секој има право да пишува што сака“, вели Кирацовски, воопшто не осврнувајќи се на пра

Пронајдете не на следниве мрежи: