Железничка пруга долга 63 километри ќе се гради кон Албанија

Железничка пруга долга 63 километри ќе се гради и кон Албанија, од Кичево до албанскиот град Лин.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека проектирањето за изработка на основен проект за еднаколосечна електрична пруга е започнат во 2014 година.
-Во тек е проектирање во должина од 63 километри, а дополнително ќе се проектира и еден крак до Охрид. Вкупната инвестиција за проектирање е 9,7 милиони евра. Проектирањето ќе треба да заврши до крајот на ова година. До сега се завршени околу 60 проценти од проектирањето. Откако истото ќе заврши ќе увидиме колку е проценетата вредност за изградба на пругата, вели Мисајловски.
Тој додава дека се планира финансирањето да се обезбеди од ИПА или преку други меѓународни финансиски институции. Министерот посочува и дека идната недела ќе присуствува на министерски состанок со министрите од западен Балкан и претставници од ЕК на кој ќе ја презентира важноста од овој проект и потребата од неговото финансиарње.
Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија треба да заврши најдоцна до 2020 година.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека проектирањето за изработка на основен проект за еднаколосечна електрична пруга е зап

Пронајдете не на следниве мрежи: