Железничките станици во Македонија ќе добијат нов и модерен изглед

Шест од вкупно десетте железнички станици долж паневропскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д, се целосно реконструирани и модернизирани а во завршна фаза е и проектот за целосна реконструкција и модернизација на железничката станица во главниот град. Во следниот период останува отпочнување на градежните работи уште на 4 железнички станици во државата.Од Владата истакнуваат дека со овие инвестиции комплетно се модернизираат железнички станици, кои откако се изградени пред 70 години воопшто не се реконструирани.
Комплетната реконструкција и модернизација на станиците подразбира целосно реновирање на билетарите, чекалните, санитарните јазли, кровните  конструкција и фасадите на објектите, замена на водоводната и електричната инсталација со комплетно внатрешно и надворешно осветлување, инсталирање на системи за греење и ладење и современи системи за сигнализација и информирање на патниците како и подобрувањето на пристапноста за лицата со намалена подвижност.
Од Владата истакнуваат дека со овие и останатите инвестиции во железничкиот сообраќај значително ќе се  подобри целокупниот квалитет на услугите за патниците и компаниите а се очекува во следниот период и дополнително продолжување на постојаниот раст на бројот на патници со железнички сообраќај во државата.
-Овој проект е многу значаен за Владата на Република Македонија и ние го работиме заедно со ЕУ, што дава еден дополнителен квалитет на целокупниот процес. Може да информираме дека активностите одат добро, досега комплетно се завршени шест железнички станици на Коридорот 10. Набрзо се очекува воведување во градежните работи на железничките станици во Богомила и Чашка, а поради објективни причини имаме мало пролонгирање во однос на гевгелиската железничка станица поради мигрантската криза и чекањето на мислење од Управата за културно наследство во однос на реконструкцијата на железничката станица во Битола. Сето тоа заедно со инвестициите што ги имаме во скопската железничка станица, којашто е најголема по обем и протек на патници, а е во финална фаза, дава заокружување на еден процес кој значи инвестиции на државата во железницата, каде што се застапуваат сферите на железничка инфраструктура, односно пругите, обновата и модернизирањето на возниот парк и инвестирањето во железничките станици, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Силниот инвестициски циклус што се случува во железничкиот сообраќај последниве години досега резултираше со  набавката на 150 товарни вагони во вредност од 13 милиони евра и набавката на 6 нови патнички возови за кои се инвестираа 25 милиони. Инвестициски циклус во обнова на возниот парк на македонски железници кој како што беше најавено продолжува и во следниот период за кога е предвидена и набавка на нови електрични локомотиви во вредност од 7 милиони евра.
Паралелно со овие инвестиции за модернизација на возниот парк на Македонски железници се продолжуваат и инвестиционите активности во железничката инфраструктура. Во тек е изградбата на пругата Битола – Кременица кон Грција во вредност од 19 милиони евра, се работи на реконструкција на делницата Ногаевци – Неготино каде се инвестираат 9,4 милиони евра, се работи на првата фаза од пругата кон Бугарија за каде е објавен  и тендерот за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка а во тек е проектирањето и на третата фаза од оваа железничка делница. Истовремено се работи и на проектирањето на железничката пруга кон Албанија, од Кичево до Лин со еден крак и до Охрид, во должина од 63 километри, што се очекува да заврши до крајот на годинава по што ќе се утврди и проценетата вредност за изградба на пругата кон Албанија.Од Владата истакнуваат дека со овие инвестиции комплетно се модернизираат железнички станици, кои откако се изградени пред 70 години воопшто не се

Пронајдете не на следниве мрежи: