Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници, и праски се на самиот раб на егзистенција

Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници, и праски се на самиот раб на егзистенција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.На терен се случува вистински крах на откупот, а Министерот за земјоделие Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот.
Ваквата изјава преставува навреда и сол на раните на земјоделците. Ова значи дека земјоделците се препуштени сами на себе и се без поддршка од владата.
Ваквиот индолентен однос нема да ги реши проблемите и е потребен поголем активизам од владата и министерството и нудење на конкретна поддршка на земјоделците.
До сега ниту една мерка која ја предложи Николоски не се спроведе и небеше конкретен одговор на потребите на земјоделците. Земјоделците полека но сигурно наместо партнер, добиваат противник во Владата.На терен се случува вистински крах на откупот, а Министерот за земјоделие Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот

Пронајдете не на следниве мрежи: