Жените за време на шопинг, пробуваат четири пати повеќе облека отколку мажите. Со секое влегување во бутик, во просек пробуваат по седум парчиња облека, на што трошат просечно по 20 минути. Но жените не секогаш купуваат нешто кога одат на шопинг, додека мажите скоро секој пат го купуваат парчето облека кое го пробале.Едно ново истражување открива шокантни податоци за шопингот. Жените поминуваат неверојатни 37 дена годишно во шопинг, а најголем плен им се чевлите. Британките се шампионки, тие купуваат неверојатни 24 пара секоја година. Неодлучните жени пробуваат 40 илјади парчиња облека во текот на својот живот.
Но, секако, шопингот не е само едноставен процес на размена на пари за роба. Со овој феномен се занимаваат многу истражувачи од областа на социјалните науки. Еден познат научник, Пако Андерхил, тврди дека шопингот е истовремено и терапија, награда, забава, начин за трошење слободно време. За многу жени, шопингот е вистински креативен чин на повеќе планови, почнувајќи од тоа да се осмисли интересна и оригинална комбинација на облека, до купување на подарок за блиски личности. Истражувањата покажуваат дека жените со помош на шопингот, ги подобруваат меѓусебните односи и воспоставуваат подобра комуникација. Едно ново истражување открива шокантни податоци за шопингот. Жените поминуваат неверојатни 37 дена годишно во шопинг, а најголем плен им се чевлите
Пронајдете не на следниве мрежи:



