Жените најмногу изневеруваат додека мажите гледаат фудбал!

Европското првенство во фудбал во Франција започна. Многу мажи ќе ги поминат следните недели „залепени“ пред ТВ екранот. За нивните партнерки сепак тоа ќе биде повод да се оддадат на неверства. Ова го пишува весникот Дејли стар, кој цитира резултати од истражување направено во Велика Британија, пишува порталот „Стандард“.Анкетата спроведена меѓу над 5.000 корисници на сајтот за вонбрачни афери Gleeden покажува дека една четвртина од британките ќе претпочитаат да се среќаваат со своите љубовници, отколку да си го губат времето во друштво на партнерите, кои се „болни“ по фудбалот.
Од сајтот забележуваат дека за време на Светското првенство во фудбал во 2014 година, има зголемување за рекордни 71 проценти на жени кои се регистрираат на сајтот за време на шампионатот.
– Често запоставени поради случувањата на фудбалскиот терен, жените почнуваат да „играат“ на друго поле, вели портпаролот на сајтот.
Резултатите од оваа студија покажуваат дека само 12 проценти од жените ќе гледаат фудбалски натпревари заедно со своите сопрузи или партнери. Други 34 проценти од претставничките на понежниот пол планираат да гледаат со пријателки, додека партнерите следат фудбалски мечеви, а 27 проценти ќе си посветат време за самите себе, додека машкото внимание е насочено на друго место.
Во меѓувреме 76 проценти од учесниците во анкетата мажи признале дека го користеле „одењето на натпревар“ како изговор за своите вонбрачни афери.Анкетата спроведена меѓу над 5.000 корисници на сајтот за вонбрачни афери Gleeden покажува дека една четвртина од британките ќе претпочитаат да се

Пронајдете не на следниве мрежи: