Жерновски избега од прашањата и проблемите на центарци

Грдоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски бега од своите работни обврски. Тој иако е должен, нема да даде одговор на прашањата од интерес на граѓаните од чиј џеб зема плата.Имено, денес во општина Центар има советнички прашања. Ваквите седници на совет се наменети за градоначалникот да одговори на прашањата од советниците за проблемите на граѓаните. Но, Жерновски не се појави на своето работно место.
Оваа седница на совет каде точка на дневен рет се советнички прашања е закажана уште пред една недела. Жерновски точно знаеше дека денес треба да биде присутен во општината, но него го нема.
По почетокот на седницата, претседавачот на совет, Мирослав Шиповиќ, предложи точката советнички прашања да биде отфрлена од дневен ред, поради отсуството на Жерновски.
Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров посочи дека точката не треба да биде отфрлена бидејќи на тој начин до крајот на годинава ќе биде неизвесно дали советничките прашања воопшто ќе се одржат.
-Да не биде отфрлена таа точка, крај на година е. Од трет месец немаме советнички прашања. Наредната седница да продолжи со оваа точка, ако сега се отфрли, којзнае кога ќе бидат ставени советнички прашања на дневен ред, рече советникот.
Поради неодговорноста на Жерновски, претседавачот Шиповиќ мораше да вети дека советнички прашања ќе мора да се одржат до крајот на годинава.
Градоначалникот на општина Центар бега од својата примарна должност- да ги решава проблемите на граѓаните од својата општина кои му ја дадоа довербата.
Жерновски свесно избега од советниците, избрани од граѓаните да ги застапуваат нивните интереси. Со ова, Жерновски избега од прашањата и проблемите на центарци.
За тоа колку Жерновски работи одговорно кон своите граѓани, говори и фактот што последните советнички прашања ги одговараше во месец март годинава. Од тогаш, повеќе од 8 месеци, градоначалникот на Центар не пројави интерес да работи отчетно и да одговори на прашањата кои се во интерес на граѓаните.Имено, денес во општина Центар има советнички прашања. Ваквите седници на совет се наменети за градоначалникот да одговори на прашањата од советниц

Пронајдете не на следниве мрежи: