Жешкото време е од тајно оружје на САД? – Го пржи Балканот – измерени неверојатни 60 степени

За да се потсетиме на топлото време од претходното лето, ве потсетуваме на  веста за „измерените“  62  степени во Белград.
„Изминатите неколку денови на Балканот измерени се највисоки температури од кога се мери воопшто температурата. Одредени интернет портали пред некој месец ја обелоденија вистината, дека причина за ваквите екстремни температури на Балканот е антенскиот систем во Барајево.
И покрај тоа што официјалните мерачи на температурата во Србија изјавија дека температурата стигнала до 40 степен, голем број на белграѓани, излегоа на улиците да ја измерат сами температурата. Бојан Апостоловиќ со својот термометар измерил неверојатни 62 степени и самиот не можел да поверува дека е толку жешко.
„Во Белград е пожешко од не само некои европски градови туку и од некои африкански држави“, вели Бојан.
„Едно време аматерски се занимавав со метеорологијата и веќе неколку години константно ја забележувам просечната температура и можам да кажам дека толкави високи температури, кои што траеле толкав долг период, никогаш немало.
Живеам во близина на Белградската арена и точно во еден часот попладне, излегов на асфалтот во делот каде што ниту малку нема ладовина. Измерив неверојатни 62 степени. Не е нормално Србија да биде потопла од Африка, а тоа се случува“, вели Апостоловиќ.

Биологот Дејан Маркуш е уверен дека ваквите неверојатни температури имаат врска со климатските промени во светот, а балканскиот пекол од 62 степен директно е поврзан со HAARP антенските системи кај Барајево.
Веќе скоро десет години во САД каде што живеам и работам, се водат полемики околу климатските промени и ефекти за „стаклената градина“, а противниците на HAARP јасно предочија дека овој антенски систем прави голема штета на земјината јоносфера менувајќи ја климата и зголемувајќи ги енормно температурите. Самиот систем прави дупка во сферата која што не заштитува од сончевите честици, дозволувајќи истите да продрат до земјината кора.

Просто кажано не е нормално на Балканот во август да бидат измерени 40, а не пак 60 степени. Ваквите температури и суши ги уништуваат нивите, па оттука ќе бидат намалени залихите за храна. HAARP е огромен злочин кои му се прави на човештвото, односно злочин кој го прави администрацијата на САД, а за жал Балканот е само една од „колатералните штети“, смета Маркус.
Програмот HAARP се состои од голем број на радиотрансмитери кои имаат огромна енергија. Се состои од преку 180 антени сместени на неколку хектари земја. Главниот HAARP антенски комплекс е сместен на Алјаска. Овие моќни трансмитери секојдневно во континуитет испраќаат преку 3,000,000 волти користејќи шест генератори со јачина од 3,6 илјади коњски сили. Тоа е 100 пати појако од антените кои што на пример ги користи Телевизиската станица Би-Би-Си. Овие антени ја менуваат хемиската структура на повеќе слојната атмосфера, односно можат да ја затоплуваат или пак ладат климата на одделен дел на планетата.“
Извор: MKNewsЗа да се потсетиме на топлото време од претходното лето, ве потсетуваме на  веста за „измерените“ &nb

Пронајдете не на следниве мрежи: