Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја продолжи расправата по измените и дополнувањата на Законот за заштите од пушењето, предложен од опозицијата.Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја продолжи расправата по измените и дополнувањата на Законот за заштите од пушењето, предложен од опозицијата.
Предложените измени и дополнувања според опозицијата се во насока на донесување пофункционален закон за заштита од пушењето кој ќе ги допрецизира местата определени за пушење во угостителските објекти.
Во денешната расправа, Јулијана Силјановска истакна дека целта на овој предлог е да се донесе пофункционален закон за заштита од пушењето. Една од целите е подобрување на економската состојба во угостителската дејност која драстично е намалена во периодот по донесување на законот.
Хари Локвенец потенцира дека законското решение е предлог на економските оператори кои се засегнати. Луѓето, додаде Локвенец, имаат реален проблем и сакаат да го решат.
Со предлогот се бара конкретно и прецизно дефинирање меѓу деловен објект, бавча и тераса и да се дозволи на економските оператори да функционираат како што треба.
– Сакаме точно да ги дефинираме поимите. Што е она што е дозволено, а што е она што не е дозволено – рече Локвенец и додаде дека не станува збор за преадаптација и дозвола за пушење на јавни места како болници, театри, канцеларии, туку само за кафеаните и за кафетериите.
Петре Шилегов потенцираше дека со законското решение се бара да се изрегулираат правилата на местата каде што е дозволено пушењето.
– Сега состојбата е оставена на толкување на шест надлежни органи. Она што сакаме со ова законско решение во оваа држава да постојат правила кои ќе важат за сите – рече Шилегов.
Според Влатко Ѓорчев, со предлогот се оди диркетно на уривање на постоечкиот закон и враќање на состојбата во 1995 година.
– Ние носиме европски закон, кој го има во дузина европски земји и закон кој ја подига свеста на граѓаните. РМ со тешки напори го зголеми животниот век од 74 на 76 години со низа мерки. Вие сакате сето тоа да го урнете. Вие сакате да донесете закон од Бурунди на сметка на европски закон – рече Ѓорчев.
За Крсто Мукоски предложениот закон е квази законско решение кое го нема никаде во Европа и со кое се бара угоститиелите да направат нов паралелен затворен објект како оној за непушачите.
– Со постоечкиот закон е добро регулирано каде смее да се пуши. Јасно и концизно е наведено, а вашето решение не е прецизно – рече Мукоски.
Расправата, пратениците ќе ја продолжат по едночасовната редовна пауза.Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја продолжи расправата по измените и дополнувањата на Законот за заштите од пуше