Згодни за појадок или ручек, може да ги чувате во замрзнувач и по потреба да вадите и печете

Згодни за појадок или ручек, може да ги чувате во замрзнувач и по потреба да вадите и печетеСостојки:
½ кг готови кори
3 јајца
½ кг сирење
125 гр стопен маргарин
½ кесичка прашок за пециво
100 мл минерална вода
2 мали лажички сол
за премачкување
1 јајце
Подготовка:
Сирењето соединете го со жолчките, прашок за пециво, сол, минерална вода, стопениот маргарин и на крајот пената од изматени белки.
Ставете 2 кори на работната површина и на нив ставете околу 2 лажици од добиената смеса која треба подеднакво да ја размачкате со четка по целата површина, потоа редете по една кора и секоја мачкајте ја на истиот начин.
Кога ќе го потрошите целиот материјал завиткајте ги корите како ролат и ставете на најлон фолија, па замрзнете во замрзнувач.
Пред печење извадете го замрзнатиот ролат и оставете го еден час на собна температура малку да попушти за да може да се сече со нож на парчиња со ширина од околу 2 см.
Наредете ги во плех од сечената страна, премачкајте со изматено јајце и печете на 180-200 степени околу 20 минути.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
½ кг готови кори
3 јајца
½ кг сирење
125 гр стопен маргарин
&frac1

Пронајдете не на следниве мрежи: