Зголемена ефикасност: COD технологијата веќе е достапна кај три мотори

• Деактивирањето на цилиндрите ја намалува потрошувачката на гориво до 20%
• Технологијата се користи кај 1.4 TFSI COD, 4.0 TFSI COD и W12 COD
• Audi RS 6 Avant со 412 kW (560 КС), троши само 9,8 литри на 100 kmAudi ја покажа својата експертиза преку  конструкција на мотори со деактивирање на цилиндрите или cylinder on demand (COD) технологија, со која се намалува потрошувачката на гориво до 20 %. Три бензински мотори веќе ја користат оваа технологија: 1.4 TFSI COD, 4,0 TFSI COD, а отсега и  W12 COD  кој се вградува кај новиот Audi A8 L.
COD технологијата на Audi е сестрана, подеднакво погодна за употреба кај четири цилиндричните моторите со директно вбризгување, како и кај V8 TFSI и 12 цилиндричниот мотор. Кај сите мотори, се деактивираат половина од цилиндрите кога автомобилот има  мал или среден товар и кога е во повисок пренос.
Активирањето и деактивирањето е толку мазно што воопшто не се забележува. Кај моделите со осум цилиндри, лежиштето на мотор во голема мера ги намалува вибрациите, а системот (ANC-  Audi Noise Cancellation) ја намалува бучавата. Овие технички решенија се користат самостојно или во комбинација, во зависност од моделот.
Кај 1.4 TFSI Т COD, системот го деактивира вториот и третиот цилиндер; кај 4.0 TFSI, се деактиривраат вториот, третиот петтиот и осмиот цилиндер. Цилиндрите се деактивираат со исклучување на вбризгувањето на гориво и палењето на поединечните цилиндри. Вентилите се затвораат со помош на елементи на брегастата оска, управувани со електромагнетно придвижувани пинови. Претходно, коморите за согорување се полнат со свеж воздух за да се намали внатрешниот притисок во цилиндрите.
W12 моторот со 368 kW ( 500 КС ) користи специјална варијанта на COD технологијата и кај овој мотор вентилите остануваат отворени. Системот најпрво го исклучува вбризгувањето на гориво и палењето кај сите цилиндри на левиот блок, така што моторот работи само со шест цилиндри. Пред температурата да се намали, левиот блок повторно се пали, а се деактивира десниот блок. Кога системот подолго време е активен и двата блока наизменично се активираат и деактивираат.
COD технологијата ја намалува потрошувачката на гориво.  Kaj RS6 Avant и RS7 Sportback, на пример, заштедата изнесува околу 5% според NEDC.
Моторот  4.0 TFSI COD, кој произведува 412 kW ( 560 КС), троши само 9,8 литри бензин на 100 km. 1.4 TFSI COD  со 103 kW ( 140 КС) е многу моќен мотор, со него Audi А3 во просек троши само 4,7 литри на 100 km. Според NEDC, системот заштедува околу 0,4 литри на 100 km. Доколку се вози економично заштедата може значително да биде поголема, дури до 20%.
 Audi ја покажа својата експертиза преку  конструкција на мотори со деактивирање на цилиндрите или cylinder on demand (COD) технологија, со кој

Пронајдете не на следниве мрежи: