Жиката од Прибилци се всели во привремениот дом Во присуство на претставници на општината Демир Хисар, Центарот за социјална работа, општинскиот Црвен Крст, здружението на пензионерите и активисти на невладината „Пријатели на Демир Хисар“, денеска му беа предадени клучевите на младиот демирхисарски бездомник Живко Ѓорѓиовски, познат како Жиката од Прибилци. На чинот на предавањето на клучевите и вселувањето во новиот привремен дом, Црвениот крст му предаде еден пакет облека, а пензионерското здружение му донира прехранбени производи.
Новото привремено престојувалиште на Жиката од Прибилци се наоѓа во напуштената зграда на поранешното женско одделение на Психијатриската болница што е во сопственост на општината и засега ги има основните услови за живеење. Граѓанската невладина организација „Пријатели на Демир Хисар“ што ја започна и водеше кампањата „Топол дом за Жиката“, преку неколку донатори во општината, обезбеди скромна покуќнина, а во тек се активности за обезбедување соодветен електричен приклучок и затоплување на просторијата. Исто така активистите најавуваат дека ќе вложат дополнителен ангажман, во ресторантот на Психијатриската болница, привремено за Жиката да се обезбедат и два дневни оброци, како и користење на други услуги за одржување на личната хигиена и соодветна здравствена заштита. Црвениот крст најави дополнителна помош во облека и постелнина.
Целата кампања соодветно е поддржана и координирана од Центарот за социјална работа од каде што се очекува соодветна поткрепа на кампањата и во смисла на натамошно обезбедување на сите законски услови за згрижување и социјална како и постојан стручен надзор.
Целата кампања се спроведува во координација и со поддршка на градоначалникот на Општина Демир Хисар.Во присуство на претставници на општината Демир Хисар, Центарот за социјална работа, општинскиот Црвен Крст, здружението на пензионерите и акт