Првата донација од кампањата на Жито Маркети „Навика да добивам повеќе“ е доставена во Општата болница во Велес. Детското Одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување (ОАРИЛ) во велешката болница, доби нов аспиратор за активна торакална дренажа.Ова одделение веќе извесно време е без дренажен аспиратор и затоа пациентите се испраќаа во здравствените центри во Скопје.
„Со донацијата во Велес нашата кампања ги дава првите видливи резултати. Задоволството од одѕивот на граѓаните и дека токму од Велес започнуваме со донациите, коишто понатаму ќе продолжат во сите градови каде што е лоциран барем еден Жито Маркет, за нас е огромно затоа што ја потврдува нашата верба во успешноста на кампањата и солидарноста на граѓаните. Се одлучивме донацијата да ја лоцираме во детското одделение, откако бевме информирани дека аспираторот на ова одделение е од приоритетна важност и дека во голема мера ќе им помогне на малите пациенти кои се соочуваат со сериозни респираторни проблеми. А тоа всушност е и целта на кампањата, самите да си помогнеме и да решиме барем еден од проблемите кои секојдневно нè засегаат“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.
Покрај аспираторот, велешката компанија донираше уште и постелнина и ќебиња за потребите на одделението како и 30 новогодишни пакетчиња за малите пациенти.
„Само ние, персоналот од детското одделение и самите пациенти го знаеме значењето и големината на оваа донацијата.За нас, како доктори, поразително е што заради овој технички недостаток, небевме во можност да им дадеме медицинска помош на нашите пациенти и во многу здравствено сериозна ситуација бевме присилени да ги испраќаме во Скопје. Затоа, нашата благодарност е упатена и кон компанијата Жито Маркети за поттикнување на кампањата, но и кон граѓаните на Велес, за нивната сесрдна поддршка на истата“, изјави, Д-р Атанас Василев, директор на ЈЗУ Општа болница Велес. Жито Маркети, кампањата „Навика да добивам повеќе“, ја започна во јули преку воведување на истоимената картичка за лојалност.
Донаторскиот фонд е од членарината за добивање на картичката, што Жито Маркети ја плаќа во име на своите купувачи. Граѓаните со добивање на оваа картичка можат да ги користат бројните бенефити и привилегии што ги нуди, а истовремено да бидат хумани само со тоа што ќе ја користат картичката за лојалност.
Кампањата се спроведува во сите Жито Маркети во повеќе градови од државата. Во секој од градовите ќе биде доделена донација во некоја социјална или здравствена установа, каде што потребата од помош е најголема.Ова одделение веќе извесно време е без дренажен аспиратор и затоа пациентите се испраќаа во здравствените центри во Скопје.
„Со донац