Жито Маркети и Кожувчанка ќе ја доопремуваат ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство

Д-р Марија Хаџи – Лега, директор на Клиника за Гинекологија и Акушерство: “Нашата установа секојдневно работи со потрошни материјали и опрема, така што секогаш има потреба од обновување и секоја донација е значајна и добредојдена за нас, особено кога таа е со искрени мотиви како оваа”.Двете реномирани македонски компании, Жито Маркети и Кожувчанка, со спроведување на донаторска кампања под името „Со мал дел до голема цел“, собираат средства за подoбрување на условите на Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје. Кампањата започна на 15 јуни, а ќе трае до 15 август оваа година и се одвива во сите општини каде што Жито Маркети има свои продажни објекти.
Оваа донаторска акција ги вклучува и граѓаните во поддршка на кампањата, така што со секоја купена вода Кожувчанка во еден од супермаркетите на Жито, двете компании од продажбата издвојуваат средства и на тој начин во име на граѓаните ќе ги донираат во фондот наменет за Клиниката за Гинекологија и Акушерство.

„Пред сѐ, мора да искажам голема благодарност до Жито Маркети и Кожувчанка што самоиницијативно одлучија да помогнат во подобрување на условите во нашата клиника. Ние сме голема установа што секојдневно работи со потрошни материјали и нашата опрема и апаратура секогаш има потреба од постепено обновување, така што секоја донација е значајна и добредојдена за нас, посебно кога таа е со искрен мотив како оваа. Општествената одговорност на овие две компании е потврда дека нивната грижа за граѓаните е на прво место и искрено верувам дека оваа хуманост на Жито Маркети и Кожувчанка ќе биде дополнителен пример и поттик за останатите компании преку вакви и слични активности да придонесат за подобрување на нашето општеството,“ истакна Д-р Марија Хаџи – Лега, директор на Клиника за Гинекологија и Акушерство, Скопје.
Жито Маркети и Кожувчанка со кампањата „Со мал дел до голема цел“ само уште еднаш ја потврдуваат својата општествена одговорност и со активно вклучување на граѓаните, овој пат, ќе овозможат помош за пациентите, како и за подобрување на условите за вработените во Клиниката за Гинекологија и Акушерство.
Двете реномирани македонски компании, Жито Маркети и Кожувчанка, со спроведување на донаторска кампања под името „Со мал дел до голема цел&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: