Оваа идеја не ја слушаме за прв пат , но тројца физичари теоретичари нудат начин на кој можеме да провериме дали живееме во реален свет или во виртуелната реалност.Професорот по физика Мартин Севиџ од Универзитетот на Вашингтон , заедно со научниците Зохрех Давуди и Сајлас Бин од Универзитетот на Њу Хемпшир одлучиле да најдат начин за проверка на оваа хипотеза. Тие тргнале од постојните методи за компјутерско моделирање на процесите кои се случуваат во светот на елементарните честички.
Сите овие методи имаат едно заедничко својство – компјутерот обработува четиримерна ( три просторни димензии плус едно временски ) решетка на квантната состојба ( решетка на квантната хромодинамика ) и според авторите тие едвај можат да се заменат со нешто друго. Теоретски научниците се изјасниле дека денес на таков начин нашиот свет може да се опише само во мал обем, кој е малку поголем од атомското јадро.
Развојот на технологијата, се разбира , може да го зголеми овој износ многукратно во подалечна иднина ( ако човештвото го доживее ) и ќе може да се создаде компјутерски модел на универзумот.
Но постоењето на овој модел може да се открие со набљудување на високо енергичните космички зраци. Бидејќи решетката на квантната состојби не е континуум ( во теоријата на релативитетот времето е нераскинливо и рамно на останатите три координати и зависи од движењето на набљудувачот), елементарната честичка , поминувајќи по дијагонали на квадратни клетки на оваа маска, ќе поминува повеќе растојание ако се движи меѓу точките на работ на клетката.
Значи принципиелно, просторот не би требало да е изотропен ( еднородно во сите насоки ) , односно во различни насоки космичките зраци треба да се однесуваат поинаку. И ако таквата неизотропност биде отворена, тоа ќе значи дека ние сме плод на сложен компјутерска програма.
Џим Какалиос, професор по физика од Универзитетот на Минесота тврди дека овој иден експеримент ништо нема да докаже.
Ако неизотропниот “потпис” на просторот не биде откриен, вели тој , тоа нема да значи дека ние не сме плод на компјутерско моделирање – нашите потомци може да користат сосема различни методи на моделирање. Ако неизотропноста биде отворена, тогаш тоа ќе значи само дека простор – времето има особености за кои не сме се сомневале.
Впрочем, научниците кои се занимаваат со конкретниот проблем , забележуваат дека без разлика дали сме реални или виртуелни, тоа не покажува никакво влијание на нашите животи.
За нашито виртуелно потекло се зборува одамна – почнувајќи од Платон. Во 2003 година Ник Бостром, филозоф од Оксфорд , објави статија во која тврди дека има 20 % веројатност да живееме во компјутерска симулација .
Признато е дека менталната активност е резултат на активноста на мозокот – невролозите одамна го потврдија тоа. Така излегува дека само копија на процесите кои се случуваат во нашите неврони, ќе имаат исти ум и свест, како и живиот човек. Човештвото дури постигна одредени успеси во оваа област – веќе можеме да создаваме вештачка ретина, синапси, алгоритми , копирање работата на одделни функции на мозокот и др. Ова им овозможува да се претпостави дека умот и свеста може да бидат зачувани на хард дискот и пренесени во виртуелниот свет. Се разбира, на денешното ниво на технологијата уште не сме во можност да го направиме тоа, но теоретски во иднина е можно. Освен тоа можеме да моделираме цели виртуелни светови.
Откако компјутерската технологија ќе се развие доволно, заедно со копирање на свеста на хард дискот може да се запише нова уникатна програма – со ново живо суштество. Тоа ќе има виртуелни очи , уши и сл, ќе може да поднесува електронски сигнали какви што добива и нашиот мозок. Тоа ќе биде “матрица” – виртуелен моделирана вселена со произволни физички закони. Што е следно од оваа претпоставка?
Ник Бостром смета дека по создавањето на првиот виртуелен свет човештвото неизбежно ќе почне да создава нови – стотици, можеби илјадници и стотици илјади. Суштествата во моделирани светови, ако се доволно разумни, исто така, ќе почнат да создаваат свои виртуелни светови . Така излегува дека единствен реален свет со виртуелна вселена едвај постои.
Која опција е реална – има ли матрица или не ? На ова прашање може да се одговори само кога човештвото ќе создаде и започне да го зголемува количеството на моделирани светови. И тука настанува најважното прашање : а самото човештво живее во моделирана или во реална вселена?
Според Ник Бостром, физичката вселена може да биде само една, а виртуелните – милијарди . Па веројатноста ние да живееме токму во матрица, а не во реалниот свет е доста висока. Сега сметаме дека нашата вселена е вистинска само затоа што не сме се соочиле со моделираните. Но во моментов во кој слична технологија ќе стане достапна за нас, ситуацијата радикално ќе се промени – создавање на моделиран свет ќе ни даде причина да сметаме дека самите ние живееме во моделирана универзум.
Постојат голем број причини зошто не можеме да креираме таков свет – технолошки, етички, недостаток на побарувачка и натаму. Така, според пресметките на научникот, веројатноста во еден прекрасен ден да создадеме виртуелен свет е еднаква на 20%. Оваа бројка кореспондира на шансите самите ние да живееме во матрица. Ако пречките за развој на виртуелниот свет се покажат суштински, како што изгледа на прв поглед, веројатноста за неговото создавање се намалува до 5-10%.Професорот по физика Мартин Севиџ од Универзитетот на Вашингтон , заедно со научниците Зохрех Давуди и Сајлас Бин од Универзитетот на Њу Хемпшир од