Како се справува Брејди со желбите и потребите на сите членови на семејството.
Серијалот “Моите пет жени” што се емитува на ТLC каналот, го следи животот на Брејди Вилијамс со неговите пет сопруги и нивните заеднички 24 деца, кои заeдно живеат во Солт Лејк Сити, САД.
Шоуто нуди преглед на еден поинаков и контроверзен начин на живот, во кој секој од членовите ја споделува својата интима и одлуки кои се малку поинакви од обичното семејство. Да веруваш дека секој е еднаков во една таква проширена семејна заедница и дека Господ ги сака и ги прифаќа сите- е систем кој Брејди и неговото семејство го нарекуваат прогресивна полигамија. Заедницата поради нивниот начин на живот и сфаќањата ги отфрла, но семејството Вилијамс се убедени дека нивната жртва на крај ќе се исплати.
Во новата епизода на серијалот, настанува хаос. Брејди неможе да се посвети на сите жени подеднакво, бидејќи бизнисот му одзема доста време. Тој решението го гледа во состанување на две жени во истовремено. Но што ќе се случи кога Брејди првиот состанок му е со сопругите кои најмалку се поднесуваат?
Се наближува и “Денот на таткото” празник кој наголемо се прославува во семејството. Какво изненадување му подготвуваат 24те деца на Брејди? Во исто време ќерката Карли соопштува важна вест која ќе наиде на воодушевување од сите.
Колку е возможен ваквиот начин на живот и колкав товар носи со себе е ваша одлука. Дотогаш ни останува да ја проследиме новата епизода која ќе се емитува на ТLC каналот на 7 март во 20 часот.Серијалот “Моите пет жени” што се емитува на ТLC каналот, го следи животот на Брејди Вилијамс со неговите пет сопруги и