Животна приказна на малиот херој Јован: Се разбуди од кома после 4 години

Ова чудо од дете како што го нарекувале лекарите, се разбуди од кома по цели 4 години.
 Имено, приказната на младиот Јован Колоски од Струга започнува откако се разболел од тешка болест  и паднал во длабока кома. Интересно е тоа што животот на ова дете се врти околу бројот 13.
На 13-ти октомври, пред пет години Јован се разболел и паднал во кома, на 13-ти август неговите родители добиле одобрение од училиштето дека може да посетува настава, а вчера го прославив својот 13-ти роденден.
После четиригодишна кома, Јован повторно се вратил во училишните клупи во основното училиште „Браќа Миладиновци“.
„Ги препознав сите со кои учев“, рече Јован. Само двајца од соучениците не ги познал бидејќи пред да се разболи не биле во неговото одделение.
Јован останал само на првиот час, а кога родителите му кажале дека за тој ден е доволно, тој се побунил, но сепак ги послушал.
„Наставничката не ме праша ништо затоа што ми беше роденден. Ме поштеди, но се надевам дека другите денови нема да биде така. Јас знам да читам и пишувам. Ми дадоа учебници за четврто одделение“, се само дел од првите впечатоци на Јован од првиот училишен ден.
„Навистина бев пријатно изненадена кога Јован ги препозна сите ученици. Ги довикуваше по име и презиме. Дури во доверба ми кажа кој од нив е мирен , а кој не“- раскажува неговата класна Леонида.
Јовав неколку години успешно се лекува во Словенија. На секои шест недели патува за Љубљана за да ја прими соодветната терапија. Лекарите со изненадување го прифатиле големиот напредок во неговото лекување.
„За прв пат докторката што го лекува Јован ни раскажа оти иако им велела дека Јован ќе прозбори, таа не верувала во тоа што го тврдела. Но, ете, се случи чудо“, вели Мира, мајката на Јован.Имено, приказната на младиот Јован Колоски од Струга започнува откако се разболел од тешка болест  и паднал во длабока кома. Интересно е тоа ш

Пронајдете не на следниве мрежи: