Ford-овиот мал, но моќен 1.0-литарски EcoBoost, три години по ред е победник во категоријата Интернационален мотор на годината.- 1.0-литарски мотор EcoBoost на Форд е прогласен за Меѓународен мотор на годината за 2014; без преседан постигнува трета последователна победа
– Економичниот и моќен 1.0-литарски EcoBoost- кој е двигател на Fiesta и уште девет други возила од палетата на Ford, исто така е именуван за „Најдобар мотор под 1.0-литри“ веќе трета година по ред
– Судиите го фалат 1.0-литарскиот EcoBoost мотор и за него велат дека е “еден од најдобрите примероци на моторното инжинерство“ со тоа што завршува пред сите други учесници кои доаѓаат од првокласните и суперспортските брендови
– Новите модели на црвената Fiesta Red и црната Fiesta Black ќе станат најмоќните 1.0-литарски патнички автомобили на сите времиња кога ќе дебитираат во својата ударна верзија со 140 Коњски Сили
– Турбополначот врти речиси двапати повеќе од вртежниот момент, од на турбополначките F1 тркачки мотори – повеќе од 4.000 пати во секунда
– Моторот произведен во Келн, Германија; Крајова, Романија; и Чонгкинг, Кина сега е достапен во 72 земји низ светот
Малиот бензински мотор, кој е влечната сила на возилата Ford, вклучувајќи ја и новата Fiesta, победи во конкуренцијата меѓу премиум брендови и суперспортски возила и го доби “Оскарот“ во светот на моторите третпат по ред, што е ненадминато.
1.0-литарскиот EcoBoost мотор на Форд, кој ја намалува потрошувачката на гориво без да се намали моќноста, е именуван за Меѓународен Мотор на Годината 2014 заради неговиот капацитет, перформанси, економичност, префинетост и технологија.
Комисија од 82 новинари од автомобилизмот од 35 држави исто така го прогласија 1.0-литарскиот EcoBoost за „Најдобар Мотор под 1.0-литри“ трета година по ред на Саемот за Мотори 2014 г., во Штутгард.
„За да овозможи комплетен пакет од невидена ефикасност на гориво, изненадувачки перформанси, тивка работа, на моторот и префинетост, знаевме дека овој мал 1.0-литарски мотор ќе го смени текот на играта“, вели Боб Фачети, потпретседател на Ford Моторно Инжинерство. „Преку нашиот пристап до развој Еден Форд, (One Ford), EcoBoost продолжува да биде репер за комбинирана моќност со мала потрошувачка од мал бензински мотор.“
Моторот досега освои 13 големи награди. Освен што собра седум награди за „Меѓународен Мотор на Годината“ за три години-вклучувајќи ја и Најдобар нов мотор во 2012 г. – 1.0-литарскиот EcoBoost исто така беше награден со Интернационалната Награда „Пол Пишч“ 2013 за технолошки иновации во Германија; Девар Трофејот од Кралскиот автомобилски клуб на В. Британија; и во САД се стекна со Наградата за најголемо достигнување од списанието Popular Mechanic. Ford исто така е и прв производител што освоил трофеј меѓу 10 Најдобри Мотори со три-цилиндерски мотор.
„Овогодишниот натпревар беше најжесток досега, но 1.0-литарскиот EcoBoost продолжува да се истакнува со оправдани причини-голема префинетост, изненадувачка флексибилност и одлична ефикасност“, вели Деан Славнич, ко- претседател на 16-те награди за Меѓународен Мотор на Годината и уредник во списанието „Engine Technology International“. „1.0-литарскиот мотор EcoBoost е еден од најдобрите примери од моторното инжинерство.“
Текот на 1.0-литарскиот EcoBoost
Лансиран во Европа во 2012 г. со Ford Focus, 1.0-литарскиот EcoBoost сега е достапен уште кај девет возила: Fiesta, B-MAX, EcoSport,C-MAX и Grand C-MAX, Tourneo Connect, Tourneo Courier, Transit Connect и Transit Courier. Комплетно новото Mondeo ќе продолжи да ја освојува Европа со 1.0-литарскиот EcoBoost мотор со своето појавување кон крајот на оваа година, најмалиот мотор поставен во толку голем семеен автомобил. Веќе достапен со 100КС и 125 КС, Ford неодамна дебитираше со новите верзии со 140КС на мотор во новите модели Fiesta Red Edition и Fiesta Black Edition; најсилното производство на моќни 1.0-литарски патнички возила досега, достигнувајќи 0-100kм/ч (0-62 mpg) за 9 секунди, со максимална брзина до 201 kм/ч (125 mph) и потрошувачка од 4.5л/100kм (62.8 mpg) и 104g/km CO2*. Сега секое петто возило на Форд од вкупниот број на продадени возила на 20-те традиционални пазари на Форд, се возилата опремени со 1.0-литарски EcoBoost **. Во првите пет месеци од 2014 г. пазарите каде 1.0-литарскиот EcoBoost се покажа како најпопулран беа Холандија (38 проценти од сите купени возила), по неа следува Данска (37 проценти) и Финска (33 проценти). Во европските капацитети на Форд во Келн, Германија и Крајова, Романија, се произведува нов EcoBoost мотор на секои 42 секунди и неодамна надминаа историска бројка од 500,000 единици.
„Поминаа три години и многу нови три-цилиндарски мотори се појавија, но 1.0-литарскиот EcoBoost на Форд се уште е најдобар,“ вели Масимо Нашимбене, поротник и писател, Италија.
Глобална Моќ
Ford возилата опремени со 1.0-литарски EcoBoost мотор сега се достапни во 72 држави ширум светот. Клиентите во САД кон крајот на годинава ќе имаат можност да го набават новиот Focus со 1.0-литарски EcoBoost, и уште сега може да ја најдат во салоните Fiesta со 1.0-литарски EcoBoost. Ford неодамна започна со производство на 1.0-литарскиот EcoBoost во Чонгкинг, Кина, со цел да се задоволи побарувачката на источниот брег на Азија. Во првиот квартал од 2014 г. повеќе од една третина од новите сопственици на Фиеста во Виетнам го одбраа моторот 1.0-литри EcoBoost.
„Успехот на 1.0-литарскиот EcoBoost мотор едноставно ескалира. После неговото лансирање, ние ја проширивме неговата достапност во палетата на Ford возила и низ пазарите низ целиот свет, за да стане нов глобален репер во моторното инженерство кое ќе им овозможува директна корист на потрошувачите – како во поглед на ефикасната потрошувачка на гориво, така и во перформансите,“ вели Барб Самарџиќ, главен оперативен директор, на Форд Европа.
Иновативен инженеринг
Повеќе од 200 инженери и дизајнери од центрите за истражување и развој на Форд во Ахен и Меркенич, Германија, и Дагенхам и Дантон, В.Британија, посветија повеќе од пет милиони часа да го развијат 1.0-литарскиот EcoBoost мотор. Компактноста на моторот, ниско-инертниот турбополнач врти до 248,000 rpm – повеќе од 4.000 пати во секунда и речиси двапати повеќе од максималниот број на rpm од турбополначите што ги снабдуваат моторите во тркачките болиди F1 2014. Моторниот турбополнач со 140 КС и 1.0-литри EcoBoost произведува компресиран притисок од 1.6 бари (24 psi). Највисоката точка на притисок од 124 бари (1,800 psi) е еднаков на притисокот што африкански слон тежок 5 тона би го направил кога би застанал на цилиндарот. Со моторен блок од леано железо толку мал што може да го собере во делот за рачен багаж над главата во авион, во овој мотор исто така е вградена алуминиумска глава на цилиндер со интегриран издувен колектор што ги намалува издувните температури за оптимизиран сооднос гориво-воздух. Дизајнот на иновативен замаец и предната макара овозможуваат подобра преработка во споредба со традиционалните 3-цилиндарски мотори. Моторното триење е намалено со специјално обложените клипови, прстените на клиповите со ниска тензија, ниска фрикција на пломбите и дизајнот на ребрест ремен. Променливата подвижна пумпа за масло се грижи за подмачкување според потребите и го оптимизира притисокот на маслото со цел подобра ефикасност на горивото.
„1.0-литарскиот EcoBoost е осмислен како мотор со значително мала зафатнина за да одговори на најголемиот автомобилски предизвик во светот-префинетост без компромис, перформанси и одлична економичност во потрошувачката. “ вели Андреј Фрејзер, менаџер во „Гасолин Калибрејшн“ (Gasoline Calibration), Форд Европа. „Тајната на успехот на EcoBoost е спектар од иновативни технологии кои обезбедуваат големи придобивки за возилата со мали мотори“.
– 1.0-литарски мотор EcoBoost на Форд е прогласен за Меѓународен мотор на годината за 2014; без преседан постигнува трета последователна победа